Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инвестирајте во рибници за производство на слатководна риба, преку Мерка 7 од новата ИПАРД 3 програма!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Инвестирајте во рибници за производство на слатководна риба, преку Мерка 7 од новата ИПАРД 3 програма!
Фондови

Инвестирајте во рибници за производство на слатководна риба, преку Мерка 7 од новата ИПАРД 3 програма!

Објавено 11/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ИПАРД 3 програмата (2021-2027) која се очекува да стартува наскоро, овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.

Во последниот Јавен повик од ИПАРД 2 програмата, се покажа дека постои голем интерес за мерката 7 Диверзификација на фармите и развој на бизниси. Оваа мерка ќе биде застапена и во новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) година, со што се отвораат можности за нови инвестиции во повеќе приоритетни сектори, а еден од нив е и алтернативното земјоделство, кое дава можност да се направат инвестиции во рибници за производство на слатководна риба.

Конкретно за оваа инвестиција, ќе наброиме неколку примери за прифатливи трошоци, а тоа можат да бидат:

  • Опрема за одгледување на риби
  • Опрема за одгледување на рибен подмладок
  • Пумпи за вода,
  • Базени,
  • Резервоари за вода
  • Филтри
  • Опрема за дистрибуција на вода
  • Инсталација на соодветната опрема;
  • Достигнување на стандарди за заштита на животната средина;
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови;
  • Обезбедување на административен простор;
  • Помошни простории (за складирање, итн);
  • Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели;
  • Обезбедување на пристап, уредување и оградување и т.н.

Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони евра.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.  

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на [email protected] или да нè контактирате на телефонските броеви:  070/267 789, 071/285 385, 071/225 345 

Инвестирајте во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ- Мерка 7, ќе биде застапена и во новата ИПАРД 3 програма (2021-2027)

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа садеше тутун!
Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци
Азески: Успешните примери во бизнисот, наместо пример за младите, кај нас се „сомнителни лица“ кои се правдаат зошто се успешни?!
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Таг:бизнисмениИпардмзшвповикрибарибник
Претходен напис Започна оценувањето на мостри ракии во рамки на меѓународниот фестивал ,,Тиквешка ракијада 2023″ во Кавадарци
Следен напис Пчеларството како приоритетен сектор на ИПАРД 3 програмата – Набавете опрема за производство, пакување, транспорт, АПИ комори и друго
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?