Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шведски медиуми: Како благодарение на санкциите се појави квалитетно руско сирење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Шведски медиуми: Како благодарение на санкциите се појави квалитетно руско сирење
Агровест

Шведски медиуми: Како благодарение на санкциите се појави квалитетно руско сирење

Последна измена: 11/11/2019 17:49
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Санкциите беа воведени за да се казни Русија. Но, врз земјоделството тие имаа неочекувано поволно влијание. Тие на руското земјоделство му помогнаа по епохата на колхозот да се прибере, па оваа земја конечно почна самата себеси да се снабдува со прехранбени производи.

Санкциите, меѓу другото, создадоа простор за домашните производители на сирење, пишува шведскиот весник Aftonbladet, а пренесува на руски јазик ИноСМИ.

На пример, за Борис Акимов, со кој се сретнаа новинарите на ова издание, санкциите биле мошне корисни. Во малата продавница во Москва тој продава моцарела, камембер, пармезан и многу други видови сирење произведени во Русија. Поради санкцијата стана тешко, па дури и невозможно, да се увезуваат странски марки сирење на кои Русите одамна се беа навикнале. На секое пакување стои кој фармер го има направено сирењето и од кој регион потекнува. Многу производи, покрај другото, се изработени според еколошки стандарди, што е нешто ново за Русија.

Global Look Press

Акимов пред девет години ја отворил Интернет-продавницата „Лавка-Лавка“. Но, дури кога Европската Унија и САД воведоа санкции против Русија, неговата работа почнала да цвета. Практично преку ноќ од тезгата исчезна цела низа увозни производи!

„По распадот на Советскиот Сојуз заедно со него пропаднаа и голем број колхози, што значи и 40 милиони хектари земјоделско земјиште“, објаснува Акимов кој порано работел како новинар. „Десетина илјади селани и фармери мораа да бараат нова работа. Русија падна под целосна зависност од другите земји, купувајќи од нив храна за своите граѓани“.

„Многумина млади луѓе денес ги привлекува животот на село. Тоа е еден од факторите кои влијаеја на развојот на земјоделството во Русија“, вели Акимов, налевајќи ни вода во чаши. Во склоп на неговата продавница има и бар во кој може да се нарача пијалак.

Global Look Press

Друг фактот се строгите санкции кои ЕУ и САД ги воведоа против Русија. Одговорот на овие санкции беше ембарго на увоз пред сè на земјоделски производи.

По нешто повеќе од пет години може да се заклучи дека Русија се однесува како и претходно, но освен тоа, санкциите за Русија имаа и добри последици, заклучува авторот на текстот за Aftonbladet.

Борис Акимов од витрината вади неколку парчиња сирење. Меѓу нив има и камембер и моцарела кои самиот ги направил.

„Денес многу подобро се снабдуваме со храна“, вели тој. „Претходно речиси сè увезувавме. А, сега самите произведуваме храна. Благодарение на санкциите станавме самостојни“.

Извор: https://mk.rbth.com/economics/84622-svedski-mediumi-kvalitetno-rusko-sirenje-poradi-sankciite?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=RSS

Може да ви се допадне

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, странците ќе се фотографираат
Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ
Енергетската заедница го поздрави донесувањето на Законот за енергетика
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
ЕК: Малите земјоделци ќе можат поедноставно да добијат 50.000 евра за унапредување на конкурентноста на нивните фарми
Таг:еуземјоделскоизвозРусијасирење
Претходен напис Кои средства се дозволени за вршење на стопански и рекреативен риболов
Следен напис (ВИДЕО) Целосно автоматизиран хидропоничен систем
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?