Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ со нов модел на проширување: што се менува?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ со нов модел на проширување: што се менува?
Агровести

ЕУ со нов модел на проширување: што се менува?

Објавено 07/10/2026
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЕУ се подготвува за најголемиот бран на проширување од 2004 година. Новата стратегија предвидува постепено членство, помалку можности за блокади и построг надзор врз новите членки и по приемот.

Европската унија се подготвува за најголемиот бран на проширување од приемот на државите од Централна и Источна Европа во 2004 година. Во новата стратегија на Европската комисија, насловена „Подготовки за поширока Унија“, Брисел испраќа јасна порака: Унијата мора паралелно да се реформира додека кандидатите ги спроведуваат неопходните реформи за членство.

Документот, формално не го менува принципот според кој секоја земја напредува врз основа на сопствените заслуги, но воведува нови механизми со кои процесот треба да стане побрз, попредвидлив и поотпорен на политички блокади. Истовремено, ЕУ подготвува посилни инструменти за контрола на новите членки и по нивниот прием во Унијата.

Што се менува во проширувањето?

– Помалку можности за блокади: отворањето на преговарачките кластери би можело да се одлучува со квалификувано мнозинство наместо со едногласност. Конечниот прием и натаму останува со согласност од сите членки.

– Постепено членство: кандидатите ќе добиваат пристап до делови од Единствениот пазар, европските програми и агенции уште пред полноправното членство.

– Повеќе условеност: стекнатите придобивки може да бидат суспендирани ако земјата назадува во реформите.

– Постојан надзор на владеењето на правото: мониторингот на судството, корупцијата и медиумските слободи продолжува и по влезот во ЕУ.

– Европското јавно обвинителство станува задолжително: новите членки ќе мора целосно да учествуваат во него од денот на пристапувањето.

– Нови санкции за демократско назадување: во крајни случаи можно е и привремено суспендирање на правото на глас во Советот на ЕУ.

– Заштитните механизми ќе важат до 15 години по приемот: значително подолго од досегашната практика.

– Украина ќе добие посебен третман во земјоделството: поради големината на нејзиниот аграр, се разгледуваат ограничувања за субвенции и за чувствителни производи.

– Проширувањето станува и безбедносен проект: идните членки ќе мора целосно да се усогласат со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, вклучувајќи ги и санкциите.

Помалку простор за национални блокади, повеќе постепена интеграција

Една од најзначајните новини е настојувањето на Комисијата да го намали влијанието на едногласното одлучување во процесот на проширување.

Иако конечната одлука за прием на нова членка и натаму ќе бара согласност од сите држави-членки, Комисијата предлага отворањето на преговарачките кластери и другите меѓуфази во преговорите да се одлучуваат со квалификувано мнозинство. Според Брисел, тоа би овозможило Унијата побрзо да реагира и да избегне блокирање на процесот поради билатерални спорови кои не се директно поврзани со критериумите за членство.

Практично, станува збор за обид да се избегнат ситуации какви што во изминатите години ги забавуваа европските интеграции на земјите од Западен Балкан.

Истовремено, Комисијата предлага засилена „постепена интеграција“. Наместо кандидатите да ги почувствуваат придобивките дури по членството, тие би можеле уште за време на преговорите да добијат пристап до делови од Единствениот пазар, европските програми, агенции и финансиски инструменти.

Предвидено е и постепено вклучување во европските транспортни, енергетски и дигитални мрежи, како и пошироко учество во работата на институциите на ЕУ преку различни форми на набљудувачки статус.

Но, овие придобивки нема да бидат автоматски. Секој чекор ќе биде условен со конкретен реформски напредок, а стекнатите права ќе можат и да бидат повлечени доколку земјата назадува во исполнувањето на преземените обврски.

Владеење на правото под постојан надзор

Втората голема промена се однесува на владеењето на правото. Комисијата признава дека искуството од некои претходни проширувања покажало дека демократските стандарди не се секогаш трајно гарантирани по влезот во Унијата.

Поради тоа се предлага мониторингот на правосудството, борбата против корупцијата, медиумските слободи и функционирањето на институциите да продолжи и по пристапувањето. Новите членки автоматски би биле опфатени со механизмот на ЕУ за следење на владеењето на правото.

Исплатата на европските средства во сè поголема мера ќе биде врзана за конкретни резултати во реформите и борбата против корупцијата. Идните членки ќе мора целосно да се интегрираат и во системот на Европското јавно обвинителство уште од денот на пристапувањето.

Комисијата предвидува и проширување на извештаите за владеење на правото врз дополнителни земји-кандидатки кога тие ќе бидат подготвени за тоа.

Нови санкции за демократско назадување

Најамбициозниот дел од документот се однесува на заштитните механизми што треба да бидат вклучени во идните договори за пристапување.

За разлика од претходните проширувања, новите членки би можеле да се соочат со дополнителни санкции и по приемот во Унијата доколку сериозно ги прекршуваат европските вредности, владеењето на правото или демократските принципи.

Комисијата предлага можност за ограничување на одредени права, суспензија на учество во поединечни политики, па дури и привремено одземање на правото на глас во Советот на ЕУ во особено сериозни случаи.

Овие заштитни механизми би можеле да важат 15 години по пристапувањето на новата членка, што претставува значително построг пристап во споредба со претходните рунди на проширување.

Украина како посебен предизвик

Документот отворено признава дека евентуалното членство на Украина отвора специфични прашања, особено во земјоделството.

Поради големината, структурата и високата продуктивност на украинскиот аграрeн сектор, Комисијата предлага да се разгледаат посебни аранжмани кои значително би го ограничиле пристапот до финансиска поддршка и до европскиот пазар за чувствителни земјоделски производи, додека истовремено би ја поддржале Украина во обновувањето на извозот кон традиционалните трети пазари.

На тој начин Брисел сака да спречи нарушувања на пазарот во постојните држави-членки, а истовремено да овозможи интеграција на Украина во европските политики.

Проширувањето како безбедносен проект

За првпат во толкава мера проширувањето се претставува и како безбедносно прашање.

Во стратегијата се наведува дека идните членки мора целосно да се усогласат со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и со режимот на санкции. Дополнително, се предвидува подлабока соработка во одбраната, сајбер-безбедноста, воената мобилност и борбата против хибридните закани.

Особено по руската агресија врз Украина, Комисијата го гледа проширувањето како инструмент за зајакнување на политичката, безбедносната и стратешката тежина на Унијата.

Нова филозофија на проширувањето

Главната порака од стратегијата е дека ЕУ се подготвува за прием на нови држави, но истовремено сака да избегне повторување на грешките од минатото.

Затоа Брисел воведува двоен пристап: повеќе интеграција и повеќе придобивки уште пред членството, но и посилни механизми за надзор, условување и санкции по пристапувањето. Наместо моделот „сè или ништо“, Европската унија се движи кон концепт на постепено членство, во кој и кандидатите и самата Унија ќе мора постојано да докажуваат дека се подготвени за следниот чекор

Извор: Дојчевеле

Може да ви се допадне

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година
Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот
Развојната банка во Битола ги претстави финансиските можности за компаниите
(ВИДЕО) Како изгледа производство на пиперки и краставици со однапред договорен откуп и добра цена
Активни четири пожари, два се под контрола
Таг:еунов моделпроширување
Претходен напис Повик за појавување на интерес за организирање на саеми од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија од страна на земјоделски производители 03/2026
Следен напис ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?