Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои средства се дозволени за вршење на стопански и рекреативен риболов
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Кои средства се дозволени за вршење на стопански и рекреативен риболов
Шумарство и водостопанство

Кои средства се дозволени за вршење на стопански и рекреативен риболов

Последна измена: 11/11/2019 17:12
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Рибарите добро знаат со што и како можат да ловат риба во водите но многу често знаат и да ги прекршат овие правила, затоа не ретко се сретнуваат и со казни од надлежните лица кои вршат контрола над нив.

Дозволен риболовен алат кој се употребува за вршење стопански риболов во зависност од видот на рибата и риболовната вода е:

Стоечка мрежа

– за лов на пастрмка – со најголема должина од 50 метри најголема висина од 5 метри и димензија на окца од најмалку 50 милиметри

– за лов на белвица – со најголема должина од 40 метри, најголема висина од 5 метри и димензија на окца од најмалку 35 милиметри

– за лов на крап – со најголема должина од 50 метри, најголема висина од 5 метри и димензија на окца од најмалку 45 милиметри

– за лов на останатите видови риби со најголема должина од 30 метри, најголема висина од 3 метри и димензија на окца од најмалку 20 милиметри

Повлечна мрежа – за сите видови риба со најголема должина од 500 метри, најголема висина од 5 метри и димензија на окца од најмалку 10 милиметри

Струк – за риболов на сом,крап и јагула со најмногу 50 јадици.

Блинкер за влечење на пастрмка и белвица.

Должината и висината на мрежата се мери во однос на конецот на кој се поставени пливките и оловата и конецот кој ги поврзува.Димензијата на окцата се мери од јазол до јазол на мрежа во влажна состојба.

Дозволен риболовен прибор кој се употребува за вршење рекреативен риболов е:

За пастрмка во риболовен ревир – една риболовна трска и еден блинкер кој може да има една јадица (трокрака, двокрака или еднокрака) , еден воблер кој може да има две јадици (трокраки, двокраки и еднокраки) или три мушички кои можат да имаат еднокраки јадици и

За сите останати видови риби најмногу две риболовни трски со по три јадици на трска или три риболовни трски со по една јадица на трска со или без машинка и природни или вештачки мамци.

За лов на пастрмка и белвица на риболовните подрачја и рекреативни зони може да се употребува и блинкер на влечење со најмногу еден стап на пловен објект врзани најмногу седум блинкери. При вршење рекреативен риболов како дополнителна опрема мже да се употребува и мрежа за фаќање на риба и чуварка за рибите.

Може да ви се допадне

„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Во подружницата на ЈП Национални шуми “Плачковица” , посеани се повеќе видови семе од багрем, јасен, јавор, каталпа…
Филиповски: Ќе има доволно вода од хидросистемот „Брегалница“ за полињата во Кочанско и Светиниколско
Трипуновски: Обезбедени 132.000.000 денари за обнова на инфраструктурата за НАВОДНУВАЊЕ и ОДВОДНУВАЊЕ
Таг:дозволајадицамамцирибарствориболов
Претходен напис Маџунот, македонска приказна со традиција
Следен напис Шведски медиуми: Како благодарение на санкциите се појави квалитетно руско сирење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?