Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Северна Македонија jа поставува oсновата за Климатска акција


Националниот совет за одржлив развој на Република Северна Македонија денеска се состана во Скопје за да повика на засилена климатска акција преку стратешко ангажирање со Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Советот беше свикан од страна на Кабинетот на заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд и ФАО. Присуствуваа над 100 претставници на релевантни институции, владини агенции, локалната самоуправа, граѓанско општество, приватниот сектор, академија и меѓународна заедница.

Зелениот климатски фонд е нов партнер за финансирање на инвестиции на државата во “зелен” развој,  развој со ниско ниво на емисии и отпорност кон климатските промени.  Во рамките на првиот проект на земјата од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд, чии резултати беа презентирани денес, ФАО ја поддржа Владата да воспостави национален механизам, институционална рамка и процедури потребни за ефикасно пристапување кон и распоредување на финансиски ресурси од Фондот.

На денешниот настан „ Унапредување на климатската акција во Република Северна Македонија “, членови на Националниот совет за одржлив развој, вклучително министри и претставници на академската и бизнис заедницата, се состанаа со цел да ги валидираат клучните резултати на проектот – предлог националниот координативен механизам за донесување одлуки за прашања поврзани со Зелениот климатски фонд, критериуми за приоретизирање на предлог-проекти изработени во Северна Македонија кои би се финансирале преку ЗКФ и т.н. процедура „Без – приговор“ која обезбедува усогласеност на предлозите за финансирање преку ЗКФ  со националните приоритети, стратегии и планови.

Една од главните улоги на Нaционалниот назначен орган е да ги поврзе напорите спроведени на национално ниво со можностите за пристап до климатски финансии од ЗКФ, и да обезбеди дека активностите се во согласност со националните приоритети за климатска акција и ги исполнуваат инвестициските критериуми на ЗКФ.

Владата денеска го означи и почетокот на развојот на Работната програма на земјата за Зелениот климатски фонд со објавување на отворен повик за проектни идеи кои би се финансирале преку Фондот. Сите заинтересирани засегнати страни вклучително академските установи, националните/локалните власти, јавни и приватни претпријатија, граѓански организации и други правни лица се поканети да достават идеи за проекти кои предлагаат активности за прилагодување кон или ублажување на климатските промени во најмалку еден од приоритетните сектори, вклучително енергија, транспорт, водни ресурси, земјоделство, отпад, биодиверзитет, здравство, шумарство и културно наследство.

Проектните идеи можат да се поднесат со користење на електронската апликација, во која се објаснети чекорите и критериумите за развој на проектна идеја за ЗКФ, наведени во Упатството за апликанти. Новата веб-страница www.greendevelopment.mk,  развиена во рамки на првиот подготвителен проект од ЗКФ, ќе служи како клучна комуникациска алатка за споделување на знаење и информации за активностите поврзани со Зелениот климатски фонд во земјата.

„Како акредитиран субјект на ЗКФ со разновидно знаење и искуство низ целиот свет, ФАО со задоволство ја поддржа Северна Македонија во заедничко спроведување на овој подготвителен проект од ЗКФ, прв од ваков вид во земјата“, истакна Танија Сантинавез, менаџер на регионалната иницијатива на ФАО за одржливо управување со природните ресурси. „Ова ќе ги постави темелите на националните иницијативи за климатска отпорност и ублажување на климатските промени преку идни проекти финансирани од Зелениот климатски фонд“.

Таа додаде дека „имањето пристап до финансирање преку ЗКФ ќе им овозможи на институциите, општините, граѓанското општество, академијата и приватниот сектор во Република Северна Македонија да се вклучат во активности за адаптација кон и ублажување на климатските промени, да развиваат понатамошни проекти,  да го зајакнат иновативниот потенцијал, да ги намалат ранливостите и да искористат неоткриени можности за зелен развој на земјата“.

Извор: Современо земјоделство http://sovremenozemjodelstvo.mk/

Окт 30, 2019agrotim2
Најскапиот зачин на светот: ШАФРАНУХМР: Агро метео

Напишете коментар Откажи одговор

30/10/2019 Фондовиклиматска акција, Национален совет, повик, фао56

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019