Шафранот во светот е познат како најскапиот зачин. Ароматичен, лековит, посебен – за само еден килограм од овој зачин потребно е 200.000 цветови. Дознајте од каде потекнува шафранот, како се користи и зошто е толку посебен.
Потекло и легенди
Шафранот е повеќегодишно растение, луковица. Зачинот шафран се добива од цветот на ова растение.
Името шафран води потекло од персискиот јазик, односно од зборот za’faran што во превод значи “ биди жолт” Се смета дека ова е причината што вистинскиот шафран, иако постојат повеќе варијанти, е во изразито жолта боја или портокалова.
Вистинското потекло на шафранот не е познато но проширено е верувањето дека татковина му е источна Грција. Постојат записи за тоа дека шафранот го употребувале уште старите Грци и Римјаните, а описи за шафранот можат да се најдат и во најстарите списи од древна Индија, што сведочи за тоа дека ова растение се користело многу порано. Постојат и легенди за тоа дека Клеопатра, шафранот го користела како крема за потемнување, а старите Римјани со него ги украсувале постелите на младенците.
Шафранот се користел уште во Месопотамија, пред околу 5000 години. Се спомнува во Стариот завет и тоа како еден од најскапоцените зачини покрај темјанот,алоето и канелата.
Во Европа, шафранот го донесле Маварите во 10 век. Овој зачин и тогаш бил толку многу скапоцен , да шпанските закони во тоа време за криумчарење на шафранот предвидувале смртна казна. Сепак аџиите во 16 век, шафранот го пренеле во Англија, а покасно и во Америка, каде што денес се одгледува во Пенсилванија.
Во средниот век, шафранот се користел како зачин во благородничките куќи, а јадењето зачинето со шафран било знак дека се работи за исклучиво богато семејство. Овој зачин се користел во кујната само кога јадењата се припремале за најугледни гости.
Најскапиот зачин на светот
Врз цената на шафранот влијаат повеќе различни фактори.
Еден од факторите е кратката сезона на цветање, имено шафранот цвета само 3 недели во годината
Стебленцата на шафранот растат изразито ниско, па самиот процес на берење е макотрпен. Ова исто така ја зголемува потребата од работна сила, што дополнително влијае на високата цена на овој зачин .
Од секоја луковица на шафранот во една сезона израснуваат два до девет цвета, со виолетова или сина боја., а секој од тие цветови има 3 црвени или портокалови толчници со должина од 25 до 30 милиметри. Лековитиот и ароматичниот дел од растението е само во толчникот, па за 1 килограм од овој зачин потребно е 150 и 200 илјади цветови.
Шафранот се бери исклучиво рачно.
Земји производители на шафран
Шафранот е култивиран на подрачјето од Шпанија до Индија. Најголемите производители на шафран се Шпанија и Иран, со преку 80 % од светското производство. Во Европа, шафран се произведува исклучиво на подрачјето на Медитеранот . Во многу помали количини се произведува и во Италија, на Крит, во Франција, Кина, Турција и Индија.
Во континенталниот дел на Европа , со векови се обидуваат да одгледуваат шафран. Сепак денес, шафран се произведува единствено во Швајцарија, во Мунду, мало село во кантонот Валис, на 1200 метра надморска висина. Во ова село шафранот се произведува на традиционален начин, па годишно се произведуваат само неколку килограми зачин.
Најголем производител на шафран дефинитивно е Иран. Во оваа земја шафранот го викаат –црвено злато, бидејќи претставува постојан и сигурен извор на заработка. Во текот на 2018 година произвотството на шафран во Иран подигнато е на рекордно ниво: произведено е 13 тони од овој зачин. При берењето на овој зачин во Иран годишно учествуваат повеќе од 150 илјади сезонски работници.
Цената на шафранот на светскиот пазар изнесува околу 1500 долари за килограм. Сепак, иако цената е толку многу висока потребно е многу малку шафран за да се добие арома или боја на јадењето: само четвртина лажичка изронети влакна ќе збогати 4-6 порции ориз.
Лековити и ароматични својства
Шафранот со векови се користи како лек против различни заболувања и тоа: против заболувања на бубрезите, кај проблеми со аритмија, кај проблеми со апетитот и варењето.
Шафранот има смирувачко дејство, при болки и грчеви, па наоѓа голема примена кај кашлица пратена со грчеви и болки во стомакот.
Овој зачин го јакне имунитетот и ја продолжува виталноста и тоа благодарение на состојката шафранал која е моќен антиоксиданс и кој се бори против слободните радикали. Се смета дека поволно влијае на видот и на циркулацијата, дека ја регулира состојбата на холестерол и триглицериди во крвта и дека помага во лечење на артеросклероза, астма и артритис.
Многу мала количина од овој зачин за јадењата им дава специфична арома, мирис и боја.
Мирисот на шафранот е благо седативно сретство , па оваа билка се користи и во природните терапии за лечење на депресија.
Услови за одгледување
Оваа интересна ароматична билка му припаѓа на фамилијата перуники и спаѓа во растенијата т. н. весници на пролетта.
Во светот постојат преку 100 различни типови на шафран. И покрај толку големиот број , само 3 врсти се култивирани.
Типови на шафран
Шафраноот се вбројува во четири категории на квалитет:
Манча( Маncha) шафран се одликува со изразито црвена боја и се смета дека е најквалитетен на пазарот.
Купе (Coupe)e исклучиво ретка сорта и го нема во продажба во некои позначителни количини.
Рио(Rio) и Сиера(Sierra)шафрани се со светла боја, со послаба арома и вкус, па затоа се помалку ценети .
Доколку се одлучите за производство на шафран морате да знаете дека за садење на овој вид на билки мора да одберете благозасенети и сончеви места
Размножување
Шафранот се размножува преку луковица. Кога купувате луковици за садење задолжително проверете дали на себе имаат некои знаци на механички оштетувања или болести.
Луковиците на шафранот многу добро ги поднесуваат ниските температури и брзо се прилагодуваат на новата средина, па се садат во есен
Можат да се садат на најразлични места: од саксија, преку ливада и бавча, под дрво и грмушка, па дури и во камењари.
Земјиште
Шафранот е растение кое бара добро дренирано земјиште. Кај глинестата земја , луковиците се садат на помала длабочина. Глинестото земјиште поради дренажата пред садењето мора да се прекопа и мора да му се додаде песок. На шафранот особено му одговараат земјишта збогатени со некое органско ѓубриво или компост.
После неколку години луковиците мора да се ископаат и да се раздвојат. На овој начин ќе добиете материјал за расадување.
Масовно произвотство
Доколку планирате поголемо произвотство на шафран, луковиците садете ги во леи, на растојание од двесетина сантиметри. Растојанието помеѓу редовите мора да биде околу 20 сантиметри.
Одгледувањето на шафранот не подразбира никаков хемиски третман ниту примена на агротехнички мерки. Единствено што е неопходно е да пред садењето да ја исчистите од коров парцелата на која планирате да садите.
На шафранот најмногу му одговара медитеранска клима, а успешно расти и во умерено-континентална.
Луковиците на шафранот во поголеми количини тешко се набавуваат и мора да се увезуваат. На интернет постојат извори кои нудат можности за резервирање на луковиците. Цената на една луковица се движи од 1 до 2 евра.
Извор : https://www.agromedia.rs/
Напишете коментар