Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО и ВФП предупредуваат на растечки ризик од глад, бројот на жаришта во светот се зголемува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО и ВФП предупредуваат на растечки ризик од глад, бројот на жаришта во светот се зголемува
Агровести

ФАО и ВФП предупредуваат на растечки ризик од глад, бројот на жаришта во светот се зголемува

Објавено 27/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бројот на региони во светот чие население е загрозено од глад се зголеми од 13 на 16, а најзагрозени се африканските земји, предупредија денеска две агенции на Обединетите нации.

Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) и Светската програма за храна ВФП (WFP) соопштија дека Судан, Јужен Судан, Сомалија, северна Нигерија и Јемен се соочуваат со најтешките закани предизвикани од конфликти, раселување, економски тешкотии и екстремни временски услови, објавија британските медиуми.

Бројот на жаришта од глад се зголеми од претходниот извештај објавен во јуни, при што Чад, Уганда, како и делови од јужна Африка и Централна Америка беа додадени на листата, додека Либан е отстранет од листата.

Вооружените конфликти и насилството се двигатели на глад во 12 од 16 жаришта, додека наглиот пораст на цените на храната, енергијата и транспортот дополнително ја намалува способноста на луѓето да се прехранат.

- Реклама -
Ad image

Во најновиот заеднички извештај што го опфаќа периодот од декември 2026 до мај 2027 година, агенциите предупредија дека намалувањата на хуманитарните средства ги поткопуваат напорите за спречување на катастрофа.

Функционерот во Канцеларијата за вонредни ситуации и отпорност на ФАО, Конор Елиот, вели  дека помошта за петте земји што се соочуваат со најтешките закани од глад се намали за две третини во периодот помеѓу 2022 и 2025 година.

Според него, намалувањето на средствата, исто така, го отежнува собирањето на податоци потребни за проценка на обемот на кризата.

Агенциите соопштија дека климатскиот феномен Ел Нињо, кој е во развој, може да ја влоши кризата, носејќи суша и екстремни температури во јужна Африка и делови од Централна Америка, како и потенцијално разорни поплави во делови од Источна Африка.

МИА

Може да ви се допадне

РКЕ: Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
Органски вино, јаткасти плодови и мед ќе се продаваат на биопазарот во Кавадарци
Tech Conference 2026 собра над 160 технолошки лидери
Влијание на ниските температури врз озимните стрни житни култури
Глобалните температури една недела беа за два степена над прединдустриското ниво
Таг:ВФПгладрастечки ризикфао
Претходен напис Органски вино, јаткасти плодови и мед ќе се продаваат на биопазарот во Кавадарци
Следен напис РКЕ: Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?