Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тројцата браќа Шабаноски се подновија со нов трактор: Лани годината беше добра, а и тутунот одлично ни помина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Тројцата браќа Шабаноски се подновија со нов трактор: Лани годината беше добра, а и тутунот одлично ни помина
Предлог бизнис

Тројцата браќа Шабаноски се подновија со нов трактор: Лани годината беше добра, а и тутунот одлично ни помина

Последна измена: 23/01/2020 17:02
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Земјоделското производство е мачно, неизвесно, несигурно и тоа го знае секој што се занимава со производство на храна или други земјоделски производи. Една година ќе се погоди, друга послабо…но нивите пак се ораат, кравите се хранат, а младите ги наследуваат родителите и нивите земјоделски традиции.

Таква е приказната и за тројцата браќа во семејството Шабаноски од битолското село Лера. Во дворот трактори, во шталата крави, на нивите пченка и тутун…и така трета генерација по ред.

Најмладиот од нив, а деновиве и најсреќен е 24 годишниот Аргетим.

Едно доаѓање во дворот, прво што ни покажа беше новиот трактор кој неодамна го купиле од фирмата „ХЕМОМЕТАЛ“ – Битола. На социјалните мрежи видел реклама за купување на нов трактор на одложено плаќање на 60 рати.

– Бевме заинтересирани да купиме нов трактор. Веќе имаме два, но имавме потреба од нов. Му кажав на мојот татко за условите во  ХЕМОМЕТАЛ и одма уште другиот ден отидовме да ја разгледаме нивната понуда- раскажува Аргетим.

Тоа се тие нови генерации земјоделци кои го користат интернетот за новитети особено за нова модерна механизација, предуслов за конкурентно производство.

Имајќи предвид колкаво е значењето на современата земјоделска механизација во намалувањето на производните трошоци, зголемувањето на продуктивноста и квалитетот на земјоделските производи, за пофалба е и позитивниот тренд на фирмите кои продаваат земјоделска механизација со поволностите кои ги нудат.

– Постапката во ХЕМОМЕТАЛ -Битола беше многу едноставна и не требаше голема документација. Доставивме само лични документи од четворица членови на семејството и за една недела се сторивме со нов трактор, марка СОЛИС 75 . Се трудиме колку што може повеќе да вложуваме во механизација. Така ги намалуваме трошоците , а си ја олеснуваме и работата. Не можеме  да бидеме конкурентни ако не купуваме нова механизација – вели Аргетим.

Аргетим и неговите двајца  браќа се трета генерација во семејството Шабаноски што се занимава со земјоделство. Во семејството од секогаш саделе тутун, пченка, одгледувале крави и овци. Сега нивниот татко Неџмедин се ориентирал на крави, а исто така обработуваат и 4 хектари земја која ја садат со претежно со пченка и тутун.

-Во моментот имаме околу 40 крави. Јас и татко ми повеќе сме околу кравите, а браќата околу земјата. Задоволни сме од она што го произведуваме. Дневно предаваме од 250-300 литри млеко во Битолската млекара, со исклучок на овој зимски период кога приносот е околу 100 литри млеко. Годинава сме многу задоволни и од проценката на тутунот. Се на се годинава добро поминавме – вели Шабаноски.

Семејството Шабаноски во иднина сака да го зголемува своето земјоделско производство и со говеда но и со површини кои ќе ги обработуваат. Аргетим ни кажа дека минатата година не успеале, но оваа година планира да аплицира на повикот за „Млад земјоделец“ и се надева дека ќе успее. Тоа многу ќе му помогне на неговото семејство да ја постигне саканата цел.

Ние ќе ја заокружиме нивната приказна со пораката – мерката „Млад земјоделец“ е создадена за Аргетим и младите како него.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
Германци бегаат од оваа работа иако заработуваат 3.000 евра месечно: Се потешко е да се задржат и странските берачи
Како да направите печуркарник од просторија 4×4, кој има капацитет од 250 вреќи и што сè ќе ви биде потребно
Ивица Ѓорѓиевски: Пред 10 години родителите напуштија државна работи и од Скопје се преселивме во село, сега сме земјоделци и имаме се!
Хемометал со понуда: ЧИЗЕЛ (ПОДРИВАЧ) – АЛПЛЕР
Таг:Неџмедин ШабаноскиНов трактор на 60 ратихемометал
Претходен напис Инфо ден за ИПАРД денеска во Тетово и Кичево, а утре во Скопје
Следен напис Со помош на Светска банка ќе се модернизира земјоделството и административните услуги на социјалното осигурување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?