Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Инфо ден за ИПАРД денеска во Тетово и Кичево, а утре во Скопје


Денеска инфо ден за ИПАРД има во Тетово каде средбата ќе започне во 10:00 часот во големата сала на општината, како и во Кичево, каде средбата ќе се одржи во 14:00 часот во Домот на културата „Кочо Рацин.“

Информативните денови во главниот град ќе се одржат на 17-ти јануари и тоа на две локации, општина Карпош со почеток во 10:00 часот и општина Аеродром со почеток во 14:00 часот.

Кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020, од страна на Секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржува со цел заинтерисираните граѓани и правни субјекти да можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел да добијат средства од ИПАРД Програмата.

На инфо деновите ќе биде претставена Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020, која што овозможува инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи.

Корисници на мерката можат да бидат правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) и задруги кои што се занимаваат со преработка на млеко и млечни производи, преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина), преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури), преработка на житарици, мелнички производи и скроб, растителни и животински масти и масла, шира, вино и оцет, а и оние правни лица кои што произведуваат  енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ http://www.ipardpa.gov.mk, или да се јават во Сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Јан 16, 2020agrotim1
Интервју со Елгафар Јусуфи -директор на АПРЗ: Функционираме како сервис на земјоделците преку едукација, информирање и конкретна помош на теренТројцата браќа Шабаноски се подновија со нов трактор: Лани годината беше добра, а и тутунот одлично ни помина

Напишете коментар Откажи одговор

16/01/2020 Фондовиаеродром, ден, инфо ден, Ипард, Скопје, тетово315

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019