Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се враќа довербата меѓу земјоделците и преработувачите: Договорното производство е најдобро решение за сите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Се враќа довербата меѓу земјоделците и преработувачите: Договорното производство е најдобро решение за сите
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Се враќа довербата меѓу земјоделците и преработувачите: Договорното производство е најдобро решение за сите

Објавено 22/02/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Упорност ни е средно име!

Вака можеме да ја опишеме целата акција околу Договорното производство на зелка, која ја иницираше земјоделскиот производител Јован Петков.

Поттикнат од успешноста на Договорното производство на oрганска пиперка во организација на Агротим, ни се обрати во име на земјоделците од Валандовскиот регион да организираме и Договорно производство на зелка. Се претстави како агроном, но и земјоделец, производител на зелка и други градинарски култури. Се разбира дека оваа шанса за развој на Договорното производство од сериозни земјоделци, не смеев да ја пропуштам. Следуваа средби на терен, трибини, поддршка од вицепремиерот задолжен за економските ресори, Фатмир Битиќи, за вчера да бидеме на вистинското место, ресорното министерство.

Министерот Љупчо Николовски, знаејќи ја важноста на развојот на договорното производство, не чекаше двапати да му кажеме. Закажа средба на која беа поканети и две големи и сериозни преработувачки капацитети од Валандовско-Гевгелискиот регион, „ВИПРО“ и „ДИМ – КОМЕРЦ“, кои ги посочија земјоделците како најкоректни за соработка. Уште пред да влеземе кај министерот, јасно беше дека акцијата за враќање на довербата меѓу земјоделците и преработувачите ќе има успешна реализација.

На средбата со министерот Николовски, освен разговор околу моменталната состојба во аграрот, се разговараше и конкретно околу склучување на договори, гарантирана цена, враќање на довербата меѓу земјоделците и преработувачите и поголем развој на договорното производство. Тој ги повтори заложбите на Министерството и Владата преку мерки и директни субвенции да се поддржи овој начин на производство, а исто така и потсети на вакви успешни проекти како Договорното производство на соноглед, со кој за три пати се зголеми домашното производство.

-Како Министерство секогаш сме отворени за нови предлози кои значат зголемување на домашното производство, намалување на увозот на суровини, и јакнење на договорното производство како најсигурно за земјоделците. За нас е особено важно да се зголемува домашното производство на земјоделски производи, да се обработуваат површините и да имаме производи со повисок степен на финализација, кои ќе значат зголемен извоз и влез на девизи – истакна Николовски.

Тој исто така ја потенцираше и важноста од здружување на земјоделците како основа за натамошно делување и сериозност во партнерскиот однос со откупувачите и преработувачите.

Слична сугестија околу здружување на земјоделците, а со тоа и на површините и производството имаше и од преработувачите.

-Кога ќе бидеме сигурни дека ќе имаме сигурна суровина и количина која ни е потребна, и за нас ќе биде подобро, затоа што ние сме обврзани со странските партнери со договори кои мора да ги исполниме. Не смееме да си дозволиме да немаме суровина. Ако се потпреме само на неколку земјоделски производители, тоа е несигурна варијанта, затоа што имаме примери да не ни испорачаат суровина ако најдат подобра цена од друг откупувач. Затоа им предлагаме да се здружат и како здружение или задруга да ни бидат сериозни партнери, кои ќе гарантираат испорака на суровината, а ние секако исплата навремена, како што ќе пишува во нашиот договор – изјави Виктор Петков, сопственик на „ВИПРО“ од Гевгелија.

Сугестијата од страна на земјоделците веднаш беше прифатена. Јас во тоа немав дилема бидејќи знам дека се работи за сериозни, млади и современи земјоделци на кои им е јасно дека новото време не признава повеќе импровизации и самостојно делување. Само заедно можат да успеат, а во тоа имаат поддршка од МЗШВ преку мерките и субвенциите кои се одвојуваат за таа намена.

-Ја прифаќаме иницијативата за здружување, тоа ќе го направиме час поскоро. Има добри земјоделски производители во Валандовскиот регион, само треба некој да ги организира. Следниот чекор ќе биде разговор со вас преработувачите, кои ќе ни кажете какви земјоделски производи ви требаат да ви произведеме. Договорите ќе бидат цврсти и ќе се почитуваат од двете страни. Со поддршката од министерот Николовски сигурен сум дека сме на добар пат ова да го реализираме – рече Петков.

Тоа е, земјоделци, сакале или не, новото време дефинитивно ќе ве натера на здружување и заедничко делување. Има пари за таа намена од МЗШВ, како и други мерки што ќе ви бидат од голема помош.

И за преработувачите годините што изминаа беа добра „лекција“ дека домашното е најдобро, најсигурно, па и најевтино, ако се има предвид дека не се одлеваат девизи од држвата.

Лично, многу сум охрабрена од ваквиот тек на настаните. Не велам дека работата е завршена, но дозволете да си признаеме дека резултати може да има само ако има желба и волја за работа.

Тоа го видов во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ленче Николовска

Агротим

Може да ви се допадне

Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Таг:Випродоговорно производствозелказемјоделцијованЉупчомзшвНиколовски
Претходен напис Се тампонира патот до месноста Солена Вода во општина Неготино
Следен напис Србија доби одобрение за извоз на садници од лешник во Европската Унија без дополнителни барања
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?