Општина Неготино започна активност за санација на пристапниот пат до земјоделско-обработливо земјиште до месноста Солена Вода.
Како што информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, станува збор за тампонирање на овој, како што рече, доста фреквентен и користен од населението патен правец, во должина од 700 метри и ширина од три метри, на потегот од мостот до самата локација на Солена Вода.
– Активноста се реализира со финансиски средства обезбедени од Вардарскиот плански регион, во висина од 700.000 денари. Со оглед на констатираната состојба на терен, се апелира до граѓаните кои се упатуваат до земјоделските површини и до месноста Солена Вода, да не фрлаат отпад, затоа што со тоа се нагрдува сликата на овој патен правец, појасни градоначалникот.
