Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, ќе одржи прес-конференција посветена на надминувањето на проблемот со кравите во општина Крива Паланка.
Прес-конференцијата ќе се одржи во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со почеток во 11:15 часот.
На настанот, покрај министерот Серафимовски, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Јовица Андовски, и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
МИА

