Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Се олеснува трговијата со овошје и зеленчук меѓу земјите од Западен Балкан


На минатонеделниот состанок одржан во Тиват, Црна Гора, Мешовитиот комитет на ЦЕФТА донесе одлука за олеснување на трговијата со овошје и зеленчук во регионот на Западен Балкан, што дополнително ќе придонесе за раст и развој на економијата во овој дел од Европа, информира Извоз.мк

Одлуката предвидува строги правила што се целосно усогласени со правилата на Европската унија, а истите се предвидливи за деловните субјекти и го олеснуваат протокот на стоки. Исто така, со овие правила ќе се создаде сигурност дека при увозот и извозот, квалитетот на овошјето и зеленчукот не е компромитиран на кој било начин. Со оваа одлука се обврзуваат агенциите во регионот кои се надлежни за движење на ваков вид на стоки.

“Шесте комори од Западен Балкан, во рамки на Коморскиот инвестициски форум ги повикуваат владите од регионот заеднички да изготват процедури и постапки што ќе го олеснат движењето на стоките во регионот на Западен Балкан. Извозот на овошје и зеленчук од Западен Балкан е за околу 20 пати помал отколку од земјите на ЕУ, што говори за големата потреба трговските бариери во регионот да продолжат да се елиминираат”, додаде генералниот секретар на КИФ, Сафет Герџалиу.

Во име на Управниот одбор на КИФ, Герџалиу го поздрави усвојувањето на решението за олеснување на трговијата со овошје и зеленчук од страна на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА, при што додаде дека на регионот на Западен Балкан му е потребен побрз и полесен економски пристап без присутност на политички импликации коишто, за жал, сè уште се присутни.

Повеќе на ИЗВОЗ.мк

Мар 3, 2020agrotim1
Водич за фармерите како да продаваат месо и преработки од месо од куќен прагКим Бест од Шкотска е ветеринарен лекар и може да помести трактор од 6 тони.

Напишете коментар Откажи одговор

03/03/2020 Пазарибариери, зеленчук, овошје, пазар, цефта508

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019