
Новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, меѓу фармерите, попознат како Правилник за продажба од куќен праг почна да се применува од септември 2019 година.
Станува збор за многу важен подзаконски акт кој директно дава решение за продажба на производи од животинско потекло и има за цел олеснување на продажбата на производи од животинско потекло односно фармерите да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да задоволат одредени хигиенски критериуми.
Еве кои услови треба да ги исполнат фармерите за да можат да продаваат од куќен праг:
Преработка на месо и изработка на производи од месо од страна на примарен производител
Објектот за производство на производи од месо од страна на примарен производител подлежи на регистриран од страна на Агенција за храна и ветеринарство и може да биде:
- во склоп на објектот за колење на животни на сопстевното одгледувалиште
- во самостоен објект
Максималната количина на производство на подготовки од месо и производи од месо изнесува до 400 кг. неделно.
Добиените производи во објектот за производство на производи од месо од страна на примарен производител можат да се стават во промет во планскиот регион каде што операторот со храна ја произведува храната.
Услови кои треба да ги исполни објектот за производство на производи од месо во склоп на кланица за колење:
- да има посебна просторија соодветно опремена за обработка на месо и изработка на производи од месо и пакување на производите месо добиено од животни во сопствено одгледувалиште, заклани во одобрен објект за колење на животни;
- обезбеден простор под термички режим за складирање, соодветен за производите кои се произведуваат во засебен објект;
- простор/ија за ферментација на производите – доколку се врши овој тип на активност;
- простор за експедиција (врата) за готови производи;
- простор за зачини/адитиви; и
- простор за материјали за пакување на производите.
Производите од месо доставени до крајниот потрошувач, треба да бидат пропратени со следните податоци:
- име и седиште на производителот;
- датум на производство;
- име и вид на производот;
- рок на употреба;
- услови на чување; и
- регистарски број на објектот.
Услови кои треба да ги исполни самостојниот објект за производство на производи од месо:
- да има простор под термички режим за суровина (разладено месо);
- да има посебна просторија соодветно опремена за обработка на месо и изработка на производи од месо и пакување на производите;
- обезбеден простор под термички режим за складирање, соодветен за производите кои се произведуваат;
- простор/и ја за ферментација на производите – доколку се врши таква активност;
- простор за експедиција (врата) за готови производи;
- гардероба и санитарен простор за вработени може да се лоцирани во непосредна близина;
- инсталации кои онeвозможуваат контакт помеѓу месото и подовите, ѕидовите и фиксната опрема;
- опрема за дезинфекција на алат за работа со топла вода со температура не пониска од 82 степени Целзиусови;
- опремата за миење раце која ја користи персоналот;
- простор за зачини/адитиви;
- простор за материјали за пакување; и
- соодветна опрема кои овозможуваат безбедно отстранување на нуспроизводите од животинско потекло согласно прописите од областа на нуспроизводите од животинско потекло.

Преработка на месо и изработка на производи од месо од страна на операторите со храна од мал обем со локализирана активност
Количината на месо која може да се преработи во производи од месо може да биде најмногу до 2000 kg неделно.
Објектите и операторите со храна подлежат на одобрување од страна на Агенција за храна и ветеринарство.
Означувањето на поизводите од месо треба да биде во согласнот со Правилникот за посебните барања за храната од животинско потекло и Правилникот за информации поврзани со храната.
Објектот за производство треба да биде засебен објект со обезбедени:
- простор под термички режим за суровина;
- просторија за изработка на подготовки од месо или производи од месо;
- простор за зачини и додатоци;
- простор за обвивки и материјали за пакување;
- просторија за димење и зреење;
- простор под термичли режим за складирање готови производи; и
- гардероба и санитарен јазол за вработените.
Услови кои треба да ги исполнува објектот и опремата:
- Во просторијата за производство може да се одвиваат повеќе различни производни процеси за различни видови производи, но само кога се временски одвоени;
- Опремата да е изработена од нетоксичен, некородирачки материјал, лесен за чистење и дезинфекција;
- Во просторијата за обработка има барем еден соодветен уред за миење на раце;
- Садовите и опремата може да се чистат, дезинфицираат и складираат во производниот простор;
- Ѕидовите, подовите и таваните да се изработени од материјал кој е мазен и лесен за чистење и дезинфекција;
- Во објектот се преземаат сите мерки за спречување или намалување на ризикот од контаминација од околината;
- За време на транспортот потребно е да се одржуваат соодветни хигиенски и температурни услови;
- Производи од месо од страна на примарен производител можат да се стават во промет во планскиот регион.
Потребна документација за регистрација на операторите со храна
- Барање за регистрација на објект и оператор со храна за примарно производство и преработка на примарни производи од животинско потеклоод животинско потекло;
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија или копија од лична карта за физички лица;
- Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот /концесија;
- Легитимација за регистарски број на одгледувалиште (РБО);
- Последен попис од одгледувалиште за овци/кози, пчели и свињи;
- Листа на моментални животни од видот говеда;
- Договор склучен со ветеринарно друштво за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните;
- Уверение за здравствен статус на животните за производство на сурово млеко (во однос на бруцелоза и туберкулоза);
- Потврда за соодветно уплатени административни такси.
Потребна документација за одобрување на операторите со храна
- Барање за одобрување на оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло;
- Доказ за сопственост на објектот (имотен лист) или договор за закуп на деловниот објект;
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
- Доказ за одобрен елаборат за заштита на животната средина (одобрување од страна на Министерство за животна средина);
- Oпис на објектот со шема на сите работни простории со технички опис на опремата и технолошките патишта на производството во размер 1 :100 односно 1:50;
- Техничко технолошки елаборат;
- Потврда за уплатена административна такса и потврда за уплатена висина на надоместок.
Напишете коментар