Општинската манифестација #ВаландовскаРакијада се одржува и годинава.
Се работи за настан од голема култролошка важност за #Валандово кој ја отсликува посебноста на заедницата и ја симболизира валандовската семејна традиција.

На манифестацијата оваа година учествуваат 20 натпреварувачки тимови, еден тим од ревијален карактер и стручна комисија која ги бира најдобрите.
Учесниците се натпреваруваат во производство на лозова ракија со марифет пренесуван генерации наназад. Секогаш победуваат нијансите и квалитетот се издига на ново повисоко ниво.

Тимот од ревијалниот дел, денес произведува ракија од калинка, како нов метод во заедницата и можност за надградување на традицијата.


Ова е настан кој обединува и сплотува. Испраќаме пораки за заедништво, важноста на фамилијата и негување на вредностите наследени од нашите предци.
Да живее валандовската вредност и посебност.


Фејсбук статус на Перо Костадинов – градоначалник на Општина Валандово
