Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рукола- зелено злато со многу витамини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Рукола- зелено злато со многу витамини
Растително производство

Рукола- зелено злато со многу витамини

Објавено 26/10/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

Рукола, или позната како „зелено злато на Римјаните”, е салата која најмногу се одгледува во приморските региони на Јадранското Море. Средоземноморската клима најмногу и одговара и често се одгледува и како украс во малите бавчи.

Оваа култура, која се приготвува како салата и се користи како додаток со варен компир и риба, може да се одгледува и кај нас. Руколата има скромни барања за топлина и е отпорна на ниски температури и мразеви. Поради тој факт, може да се произведува во текот на целата сезона. Успева на секаков вид почва, но најдобро е кога е на богата почва со pH неутрални или алкални почви на делумно засенчено место.

rukola

Во текот на летните горештини треба да се засенчи затоа што, во спротивно, листовите ќе бидат со низок квалитет. Обработката на површината на руколата е слична како и кај другиот лиснат зеленчук. Основната обработка на почвата не треба да биде на длабочина поголема од 20 сантиметри, затоа што руколата се произведува исклучиво со директна сеидба од семе, а семето е многу ситно со маса од (1.000 семки на 15 грама). Таа се сее од февруари до септември во повеќе наврати во период од 15 до 30 сантиметри, а се проредува на 5 до 10 сантиметри од растение до растение. Длабочината на сеидбата е околу 1 сантиметар, а никнува за неколку дена.

rukola5

Руколата се ѓубри со 60 до 80 килограми азот, 60 до 80 килограми фосфор и 100 до 120 килограми калиум на еден хектар, или во однос NPK 1:1:2. Оваа растение бара меѓуредова обработка во текот на вегетацијата и наводнување.

По сеидбата, консумната вредност на руколата достигнува од 40 до 60 денови кога може да се бере.

rukola2

Може да ви се допадне

Наводнување на овошките според фазите на развој
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:витаминиздравјенаводнувањеприносрукола
Претходен напис Соседите виделе кутии со земја во неговиот двор, по 60 дена се изненадиле што пораснало во нив
Следен напис Шапуриќ во Прилеп:Откупувачите се подготвуваат за откуп на тутунот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?