Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шапуриќ во Прилеп:Откупувачите се подготвуваат за откуп на тутунот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шапуриќ во Прилеп:Откупувачите се подготвуваат за откуп на тутунот
Агровести

Шапуриќ во Прилеп:Откупувачите се подготвуваат за откуп на тутунот

Последна измена: 26/10/2019 11:26
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ,во просториите на Научен институт за тутун во Прилеп, одржа  состанокот  со претставниците на  компаниите кои се регистрирани за откуп  на тутун.

На состанокот присуствуваше и Гордана Мицевска директор Научниот  институт за тутун и Мендо Стомнароски Претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Во пресрет на претстојниот откуп на тутунот на состанокот се разговараше за откупот согласно новиот Закон за тутун. Посебен акцент на состанокот беше ставен на потребата од брзо формирање на Комисија за верификација на мострите од тутунот, бројот на откупните места и контролата на откупот од страна на овластените инспектори. Се разговараше и за потребата од навремено доставување на  потребната документација до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Инспекторатот, како и за финансиските и другите условите кои што треба да ги исполнат, пред почетокот на откупот. Од страна на компаниите беше нагласено дека новиот Закон за тутун содржи значителни подобрувања во однос на претходниот закон, но дека во иднина треба да се извршат одредени допрецизирања на законот.  

Шапуриќ истакна дека определба на Државниот инспекторат за земјоделство, како и на  сите државни институции е да имаат постојана комуникација со бизнис секторот, но и со земјоделските производители,  во насока на изнаоѓање на соодветни решнија. Воедно тој истакна дека, Инспекторатот за време на откупот на тутунот,  максимално ќе биде присутен на терен и дека ќе претстои интезивен инспекциски надзор за време на откупот.

По завршување на состанокот во рамките на престојот во Прилеп, Шапуриќ го посети Тутунскиот комбинат Прилеп, кој што покрај производство на цигари, врши и откуп на тутунот. Менаџментот на комбинатот го информираше Шапуриќ за резултатите од стратешко партнерство со компанијата ,, Филип Морис,, како и тоа дека по повеќе од една деценија работење со загуби, годинава се очекува комбинатот да оствари добивка.   

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во март 44 763  денари
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Германска бизнис делегација на средба во Стопанската комора 
Состојба на патиштата
Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС
Таг:откуптутунтутунски комбинатФилип Морисшапуриќ
Претходен напис Рукола- зелено злато со многу витамини
Следен напис „Благој Ѓорев“- синоним за квалитет и долгогодишна традиција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?