Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Реконструкција на крошната кај црешата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Реконструкција на крошната кај црешата
Агровест

Реконструкција на крошната кај црешата

Последна измена: 11/02/2021 11:52
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Како што е познато, стеблата на црешата калемени на дивата цреша, во текот на повеќе години експлоатација пораснуваат до висина од 5-6 метри па и повеќе. Ваква висина на стеблото предизвикува многу проблеми во производството: отежната берба, нееднакво созревање на плодови, послаб квалитет на плодовите во внатрешноста на крошната, која не е доволно осветлена, изразено е оголување на внатрешноста на крошната следено со пренесување на родните елементи на периферијата, отежната е заштитата од болести и штетници, големи се оштетувањата на плодовите на врвот од птиците итн.

За барем делумно да се отстранат овие недостатоци, се препорачува реконструкција на крошните со скратување на прифатлива висина од 3 до 3,5 метри. Тоа се изведува со прекратување на централните гранки на стеблата и исправените рамни гранки на приближно еднаква висина, односно така што сите пресеци да бидат во едно ниво. Скратувањето најчесто се изведува со моторни пили или рачно, потоа резовите се измазнуваат со нож и се премачкуваат со калемен восок. Скратувањето на гранките во крошните може да се изврши во два наврати и тоа: на крајот на зимата до почетокот на движење на вегетацијата или во текот на месец јуни, за време или по завршената берба. Во тој период најкорисно е сечење во текот на бербата, бидејќи тогаш можат да се искористат плодовите од таа вегетација. Покрај тоа, тогаш е и помалку интензивен вегетативниот пораст, што е поповолно.

Во текот на наредната вегетација, од остатокот на дрвото ќе се развијат бројни леторасти од кои ќе се формираат бројни нови гранки, кои се носачи на родниот потенцијал. Во подоцнежните години со резидба треба да се врши проредување и свиткување на гранките поради постигнување баланс помеѓу вегетативниот раст и родноста.

Извор: domacinskakuca.rs/

Може да ви се допадне

Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија
Мицкоски ги повика младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план
„Дебела маќеница“ – Против чир на желудник, кожни заболувања и спортски повреди
До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
Таг:црешна
Претходен напис Војник и златар своето хоби го претвориле во сериозно одгледување на црни славонски свињи
Следен напис Со едно евро ќе се основа фирма
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?