Свињите што ги чуваат Томислав Фикет и Леополд Беришиќ напредуваат повеќе, бидејќи целата храна им ја мелат, а за да го контролираат квалитетот на исхраната сè садат сами.
Покрај турополската и баниската шара, најпозната автохтона хрватска раса е сигурно и црната славноска свиња, позната уште под името „фајферица“. Квалитетот на нејзиното месо и масти во последните години бележи сè поголем интерес кај потрошувачите, а со тоа и производството значително расте.
Ваквата добра ситуација ја искористиле војникот Томислав Фикет и златарот Леополд Беришиќ од Брестовац, село покрај Пожега, кои со одгледување започнале пред 4 години.
„Прво имавме само две свињи, видовме дека добро напредува и денес имаме околу 50-ина. Пред колење ги имавме околу 80“, открива Фикет за Земјоделската телевизија.
Со помош на субвенции го шират производството
Инаку, „фајфериците“ се чуваат на отворен простор, ниските температури воопшто не им пречат, а поотпорни се и на болести. Сепак, одгледувањето им трае нешто повеќе отколку кај белите соеви. „Имаме заградено два хектари и тука се постојано пуштени. Затоа им се потребни отприлика две години да дојдат до 150-160 килограми“, објаснува сточарот.
Свињите на Фикет и Леополд подобро напредуваат, бидејќи целата храна им ја мелат, а за да го контролираат квалитетот на исхраната сè садат сами.
„Не се сеќавам дали можеби двапати сме им дале нешто друго“, истакнува тој.
Ова дуо веќе е познато по своите производи, а побарувачката, како што наведува Беришиќ, само расте.
„Пазарот моментално е одличен. Луѓето го ценат ваквото одгледување, купувачи има сè повеќе, а цените се многу добри“, додава.
Исто така, спровеле и некои истражувања кои покажале дека сланината и маста се многу здрави, а лекарите велат дека им ги препорачуваат на пациентите кои имаат или преболеле некоја малигна болест.
Моментално во нивниот свињарник можат да се најдат и мешавини на „ландрас“ и „фајферици“. Објаснуваат дека не ги вкрстувале намерно, тоа „ се случило“ кога заедно ги пуштиле надвор. Прасињата ги оставиле за да дознаат каков ќе им биде квалитетот на месото, со оглед на тоа дека едниот вид е помеснат, а другиот помасен.
Бидејќи им се допаднал експериментот, Беришиќ за Земјоделската телевизија открил и што имаат во план за иднина.
„Набавивме „нерез дурок“, бидејќи доста од нив ни советуваа дека се многу подобри сувомеснатите производи од тие две раси. Па ете, сега ќе пробаме и со нив“, вели златарот. Вложивме во машина за мелење и во автоматизирана хранилка и соларна расвета, а моментално градат и просторија за преработка на месо.
„Во реализација сме на просторија за преработка, а помош добивме низ субвенции, поточно тип на операција 6.3.1. од Програмата за рурален развој. Од 15.000 евра купивме и уште земја, трактор, ограда“, објаснува Беришиќ, надевајќи се наскоро на пријава за уште некој оглас.
Извор: agroklub.com
Војник и златар своето хоби го претвориле во сериозно одгледување на црни славонски свињи
Остави коментар
Остави коментар
