Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Промовирана Националната рурална мрежа, зачленувањето е доброволно и бесплатно


Заедничко креирање на политиките за рурален развој и поголема информираност околу мерките за добивање финансиска поддршка, како и за работата на институциите, поттикнување на иновациите во земјоделството и во производството на храна, но и зголемена одржливост на активностите во руралните средини и заедници, се само некои од целите на Националната рурална мрежа што од денеска и официјално почна да функционира.

Оваа веб платформа ќе дејствува во сите подрачја низ земјава, а целта е да го подобри квалитетот на животот на секој поединец преку иницирање и воспоставување соработка и партнерства. Креирана е по европски терк, а зачленувањето е бесплатно. Член може да стане секој што има желба и интерес, независно дали е физичко лице, производител, фирма, институција,…

Како што беше речено на промоцијата, мрежата е законска обврска од 2012 година и денес, конечно, по 10 години се става во функција.

За 20-на дена се очекува Националната рурална мрежа да има околу 1.000 членови.

– Конечно, со донесувањето на подзаконските акти, го ставаме во функција и овој механизам кој ќе овозможи уште поголемо вклучување на сите чинители во креирање, реорганизација и трансформација на политиките, но и во ширење на инмформациите. Мрежата ќе овозможи и едукација, а за да се стане нејзин член, доволно е да се отиде само на нејзината веб-страница, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој се осврна на мерките за поддршка, нагласувајќи уште еднаш дека руралниот развој во земјава е исклучително битен. Како што напомена, во друг сектор може да се скрати, но во руралниот развој не.

-Во Програматза рурален развој е креирана нова мерка – бизнис план во земјоделството. Апликантите ќе кажуваат за што им се потребни средствата на отворен повик преку целата година, рече Николовски.

Детали за Националната рурална мрежа и нејзиното функционирање соопшти државниот советник во МЗШВ Трајан Димковски. Подолгрочена цел, потенцира Димковски, е оваа мерка да се акредитира преку ИПАРД програмите.

Зачленувањето е отворено. Во Мрежата може да се вклучи секој што е заинтересиран, што сака да е во тек и да се вклучи во земјоделските активности и да придонесе во креирање на политиките, независно дали е физичко лице, производител, фирма, институција, земјоделска задруга, образовна институција,… Членството е доброволно и бесплатно, истакна Димковски.

Веб страницата на Националната рурална мрежа еhttp://nmrr.mk/.

Ное 9, 2022agrotim1
Деновиве стабилно, од петок дожд и опаѓање на температуритеМинистерот Николовски упатил писмо до Собранието за побрзо усвојување на земјоделските закони

Напишете коментар Откажи одговор

09/11/2022 Агровест, Рурален Развојнационална рурална мрежа76

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019