Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Николовски упатил писмо до Собранието за побрзо усвојување на земјоделските закони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Николовски упатил писмо до Собранието за побрзо усвојување на земјоделските закони
Агровести

Министерот Николовски упатил писмо до Собранието за побрзо усвојување на земјоделските закони

Објавено 09/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска упатил писмо до претседателот на Собранието Талат Џафери, како и до претседателот на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, во кое укажува на потребата од што побрзо донесување на законите од земјоделската сфера.

Како што истакна денеска Николовски при промоцијата на Националната рурална мрежа, во земјоделските закони нема политикантство и со нивното усвојување ќе се овозможи имплементација на голем број нови мерки, битни посебно сега, во услови на криза.

-Секој ден има некој нов закон на ЕНЕР кој влегува и во соодветна постапка. Тоа беше и причината денеска да упатам писмо до претседателот на Парламентот и до претседателот на собраниската Комисија за земјоделство, зашто голем број од законските решенија од земјоделството во кои нема политикантство и политика треба што побрзо да се донесат, посебно зашто голем дел доаѓаат од ИПА проектите, а со тоа овозможуваме и нови мерки како што се советодавните услуги, мерка за која многу долго се зборува, но треба да се направат и конкретни чекори, рече министерот. Тој ја посочи и мерката „паметно земјоделство“ чија имплементација, потсети, треба да почне од следната година.

-За оваа мерка и многу други програми се обезбедени средства, но сега зависи колку ќе одработиме за толку повеќе да бидат потрошени средствата од буџетот за земјоделството и за производството на храна, за да не се случи нивно кратење догодина со ребалансот, како и пренасочување во некое друго министерство и за други потреби, истакна Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владаниколовски
Претходен напис Промовирана Националната рурална мрежа, зачленувањето е доброволно и бесплатно
Следен напис Има иницијативи за „смарт“ земјоделство во земјава, но не доволно за поизразени социо-економски ефекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?