Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Производството на храна за кучиња и мачки, во Србија станува профитабилен бизнис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Производството на храна за кучиња и мачки, во Србија станува профитабилен бизнис
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Производството на храна за кучиња и мачки, во Србија станува профитабилен бизнис

Објавено 16/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производството на храна за кучиња и мачки, во Србија стана профитабилен бизнис последниве години. Само во 2020 година Србија извезе 39.118 тони од оваа храна, вредна 89,5 милиони евра. Во 2012 година вредноста на извозот била скоро десет пати помала, односно 7,1 милион, а количината изнесувала 8.280 тони.

Дека овој бизнис е во подем и е добар за вложување, неодамна напомена и тамошниот министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ. Како што рече тој, производството на храна за домашни миленици во четири фабрики во Србија, бележи значителен раст на извозот, пишува Новости.
„Во Србија се прават готови и полупреработени производи, но и отпад од кланица трета категорија, кој се обработува до некое ниво и така се извезува“, објаснува Ненад Будимировиќ, секретар на Здружението за сточарство и преработка на сточни производи во Земјоделската комора на Србија.

„Најмногу извезуваме во Русија, Полска, Италија, Грција, Чешка, Швајцарија, Франција, Израел, Босна и Херцеговина, Велика Британија и Албанија“, вели Будимировиќ.

Официјалните податоци покажуваат дека само минатата година биле увезени 39.520 тони храна за кучиња и мачки. Вредноста на увозот изнесувала 37,5 милиони евра.

Многу доходовен бизнис во Србија

„Најголема размена на овие производи имаме со земјите од ЕУ и тоа стана многу доходовен бизнис во Србија“- објаснува Будимировиќ и додава:

„Не се зборува многу за оваа работа, па и не се знае колку е исплатлива. Имаме четири фабрики за производство на храна за мачки и кучиња, но и фирма во Бачка Топола, која прави полупроизводи што се извезуваат и понатаму се обработуваат. Со оваа работа во Србија главно се занимаваат наши, домашни компании.“-вели тој.


Значајна вредност од извозот на храна за мачки и кучиња се бележи во 2018 година кога таа достигнала 48,5 милиони евра.



Србија минатата година имала извоз од 247.000 тони храна за животни. Освен онаа за кучиња и мачки, тука спаѓаат и други компоненти кои се прават и се вметнуваат во сточната храна. Вредноста на извозот минатата година била 167,6 милиони евра и е четири пати поголема во споредба со 2012 година.


„Во храната за животни спаѓаат разни смеси, минерално-витамински или растителни компоненти, сончогледова и соина сачма. Сето тоа се смеси кои пред исхрана на животните се мешаат со пченка, бидејќи таа не се става во нив. Оваа храна за животни ја извезуваме во Велика Британија, Северна Македонија, Кина, Албанија и Перу.“- објаснува Будимировиќ.

Извор: poljoprivreda.info

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:храна за кучиња и мачки
Претходен напис Три болести кај овците кои можат да бидат предизвикани од лошата исхрана
Следен напис Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ДЗИС и ФИТР со цел поттикнување иновации и афирмација на домашните компании
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?