Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
Агровести

Претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија

Објавено 29/09/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европскиот совет за попис на птици ја претстави новата верзија на Европскиот портал за птици, преку кој во речиси реално време може да се следи неделната распространетост на близу 600 видови птици, колку што се среќаваат на европскиот континент. Благодарение на платформата ptici.mk што пред две години ја разви Македонското еколошко друштво (МЕД), во живо се евидентираат и набљудувањата на птици направени во нашата земја, информираат од МЕД.

Сето тоа, како што велат, е возможно благодарение на огромниот обем на податоци што редовно ги доставуваат над 200.000 волонтери-набљудувачи на птици до различните онлајн-портали за евиденција на птици во Европа: 750 милиони записи за птици од 2010 година наваму, од кои 76 милиони само во 2026 година.

-Сите овие податоци автоматски и на дневна основа се доставуваат до централната база на податоци на Европскиот портал за птици, со што се овозможува секојдневно ажурирање на сите карти во алатката за преглед со најновите информации. Овој огромен проток на податоци за биолошката разновидност – најголемиот што моментално функционира во Европа со ажурирање во речиси реално време – се реализира преку Програмата „Лајф“ на Европската Унија и благодарение на тесната соработка на мрежа од 52 орнитолошки и еколошки организации од 41 различна земја. Една од нив е и Македонското еколошко друштво кое сакајќи да го поддржи растечкиот број на набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици, ја разви платформата ptici.mk во рамките на проектот „Зајакнување на Европскиот портал за птици“, посочуваат од МЕД.

Од нејзиното официјално пуштање во употреба во 2024 година до денес, како што велат, на ptici.mk се внесени над 50.000 записи кои се „видливи“ и многу пошироко со оглед на тоа што платформата е целосно интегрирана во Европскиот портал на птици.

-Користиме структурирани и стандардизирани протоколи за собирање податоци и унапредување на граѓанската наука без која ваквите потфати би биле невозможни. Така придонесуваме за поголема географска покриеност и подобрен квалитет на целокупните податоци за птици собрани во Југоисточна и Источна Европа. Ова е исклучително важно, бидејќи без континуирани и квалитетни податоци не може да се планира заштитата на природата, ниту соодветно да се управуваат значајните подрачја за птиците и нивните преселни патишта – потсетува Данка Узунова, орнитолог и координаторка на проектот во МЕД.

Новата алатка, како што вели, истовремено претставува и признание за клучната улога на илјадниците волонтери-набљудувачи на птици и покажува како ваквите поединечни локални придонеси можат да се обединат во корист на заштитата на птиците и подигнувањето на јавната свест на европско ниво, смета Габриел Гаргало од Каталoнскиот орнитолошки институт, главен координатор на европскиот проект.

-Токму значителните подобрувања во географскиот опфат, бројноста, квалитетот и поврзаноста на податоците во еден портал се од витално значење за правилно разбирање на сезонските обрасци на распространетост на птиците, промените во нивната бројност и следењето на популациските трендови на подолг временски рок. Собирањето на ваквите податоци е дотолку поважно имајќи предвид дека ја даваат основата на важни извештаи како што е најновиот извештај на „Брдлајф Интернешнал“. Насловен „Состојбата со птиците во светот“, тој укажува дека опаѓаат популациите на дури 41 % од птиците-преселници долж африканско-евроазискиот преселен пат, во кој влегува и Македонија. Оттука, освен што недвосмислено помагаат да се документираат и следат популациите на птици, ваквите сознанија и податоци даваат и насоки како да креираме политики и како да ги спроведуваме активностите за заштита на птиците, порачуваат од МЕД.

МЕД

Може да ви се допадне

Верверичките и помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот
Без вода дел од корисниците во Центар, а без струја делови од општините Бутел, Шуто Оризари и Илинден
Хоџа на „ЕУ за Преспа“: Инвестицијата во модерното земјоделство е инвестиција во иднината на Преспа
Екстремното лето ги чинеше европските земјоделци меѓу 14 и 17 милијарди евра
АМСМ: Сообраќајот се одвива по суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез
Таг:Европски порталМакедонијаподатоциптици
Претходен напис Верверичките и помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?