Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Верверичките и помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Верверичките и помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот
Агровести

Верверичките и помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот

Објавено 29/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Истражување на Универзитетот „Мекгил“ посочува дека црните верверички во Монтреал, Квебек, Канада, им помогнале на научниците подобро да го разберат влијанието на урбаните средини, температурата, вегетацијата и природните бариери врз еволуцијата на животните.

Написот насловена како „Просторна варијација во меланизмот на источните сиви верверички низ комплексен урбан пејзаж“, ги испитува разликите во пигментацијата на источните сиви верверички на ниво на поединечни урбани населби. Истражувачот Франсис Кванг-Хаи Дин возел велосипед до речиси 200 зелени површини низ Монтреал и околните области за време на научното истражување, регистрирајќи видувања на над 800 сиви и црни верверички, објави „Си-би-ес њуз“ (CBC News). Наодите покажуваат дека црните верверички сочинуваат просечно околу 12 отсто од животните во Монтреал, но и оти тој број се зголемува на север. Во некои области северно од Лавал, црните верверички сочинуваат до 40 отсто од популацијата, додека на јужниот брег на Монтреал, тие претставуваат само 2-3 отсто. Истражувачите наведуваат дека токму распространетоста на црното крзно зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја температурата и количината на шумска покривка. Потемното крзно може поделотворно да ја впие топлината во постудените региони, додека густата вегетација обезбедува потемна позадина, што може да понуди подобра камуфлажа.

Истражувачите наведуваат дека резултатите ја истакнуваат потребата од проучување на урбаната еволуција на локално ниво, наместо едноставно споредување на градовите со руралните области.

– Дивиот свет продолжува да живее и да опстанува и покрај промените што ги внесуваме во неговата животна средина… Градот и природата не треба да се гледаат како целосно одвоени системи, рече Дин.

- Реклама -
Ad image

Професорката Алисон Рот од Универзитетот во Мисури – една од авторите на овој научен труд, истакнува дека целта на истражувањето не е само да се проучат верверичките, туку да се искористат овие животни како модел за разбирање на урбаните средини и поттикнувањето на еволутивните промени. Според неа, градовите не се хомогени области, туку се состојат од разновидни населби со различни нивоа на вегетација, температури и природни граници.

Реката Сент Лоренс и нејзините притоки играат значајна улога во Монтреал, бидејќи можат да дејствуваат како природни бариери и да придонесат за изолација на одредени популации на верверички. Истражувањата покажаа дека урбанизацијата сама по себе не ги објаснува разликите во бојата на крзното кога се земаат предвид тамошната вегетација и зимските микроклими. Затоа, научниците заклучуваат дека градот влијае на еволутивните промени индиректно, преку промени во локалните услови на животната средина. 

МИА

Може да ви се допадне

Иротова: Трактор купен со државна помош во 2023 година бил продаден, парите мора да се вратат во буџетот
Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови
Потврден првиот случај на птичји грип сезонава во Јапонија, ќе бидат уништени 200 илјади кокошки
Делегација на шумарски експерти од Австрија го посети НП Маврово
Управувањето со пожари на ниво на предел како потенцијална алатка за регионална соработка на Западен Балкан
Таг:Верверичкитееволуцијатанауката
Претходен напис Орада печена во солена кора
Следен напис Претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?