Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УСЛОВИ ЗА БРАТЕЊЕ КАЈ ЕСЕНСКИТЕ СТРНИ ЖИТА – важна фаза за формирање на приносот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УСЛОВИ ЗА БРАТЕЊЕ КАЈ ЕСЕНСКИТЕ СТРНИ ЖИТА – важна фаза за формирање на приносот
Агровести

УСЛОВИ ЗА БРАТЕЊЕ КАЈ ЕСЕНСКИТЕ СТРНИ ЖИТА – важна фаза за формирање на приносот

Објавено 13/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Братењето кај вистинските, односно стрните жита е една од најважните фено фази во развојот на житните култури. По есенската сеидба, никнување на првите три листа, започнува формирањето на нови изданоци од подземните стеблени коленца. Ова разгранување се одвива во таканаречениот јазол на братење, кој најчесто се наоѓа на длабочина од 2 до 3 cm под површината на почвата. Од јазолот на братење се развиваат странични изданоци, наречени братимки како и секундарни корени, кои заедно со примарните корени го формираат жиличестиот коренов систем.

Јазолот на братење претставува значајна развојна зона на житното растение, бидејќи од неговата физиолошка активност зависи виталноста на целото растение. Неговото оштетување или изумирање, како последица на неповолни услови или напад од штетници, доведува до угинување на растението.

На брзината и интензитетот на братењето, покрај климатските услови влијаат и квалитетот на семето, времето и длабочината на сеидбата, големината на хранливиот простор, аерацијата на почвата и минералната исхрана. Ниските температури го забавуваат или привремено го прекинуваат процесот на братење, додека и повисоките температури можат да го ограничат неговото одвивање. Не сите изданоци формирани во процесот на братење развиваат стебла со клас. Поради тоа се разликуваат општо или вкупно братење, кое ги опфаќа сите формирани изданоци, и продуктивно братење. Продуктивното братење го означува бројот на изданоци по растение кои формираат клас. Неговиот интензитет се зголемува доколку растенијата имаат доволно влага и хранливи материи во периодот пред фазата вретенесување.

Бројот на продуктивни стебла, односно оние што формираат клас, најчесто варира во зависност од сортата и условите во кои се одвива братењето, а особено од длабочината на сеидбата, густината на посевот и достапноста на вода и хранливи материи.

- Реклама -
Ad image

Интензивното братење во услови на суша може да има негативни последици, бидејќи за формирање на секундарните изданоци се трошат значителни количества вода и хранливи материи, што може да биде на штета на главното стебло и да доведе до намалување на приносот.

Исто така, во услови на зголемена влажност, прекумерното братење може да предизвика преголема густина на посевот и зголемен ризик од полегнување, што негативно се одразува врз приносот.

Правилното одвивање на фазата братење е важен предуслов за рамномерен развој на посевот и формирање на продуктивни стебла односно има дирекно влијание врз приносот кај житата.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Во Струга распределени 832 картички за зелена нафта во вредност од над 7 милиони денари
Недела на италијанската кујна: Гастрономијата како мост за културно поврзување меѓу Италија и Македонија
Силниот јужен ветер може да предизвика штети кај дуњите, јапонските јаболка и калинките
Саем „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ утре во Градскиот парк во Скопје 
Засилени акции против дрвокрадството: За еден месец запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави
Таг:ЕСЕНСКИТЕжитаприносотуслови
Претходен напис Во Струга распределени 832 картички за зелена нафта во вредност од над 7 милиони денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?