Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Препарат од морски алги против самозапалувањето на градската депонија во Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Препарат од морски алги против самозапалувањето на градската депонија во Кочани
Агровест

Препарат од морски алги против самозапалувањето на градската депонија во Кочани

Објавено 27/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани склучи договор за набавка на над илјада литри течен препарат произведен на органска основа, со кој ќе се интервенира против самозапалувањето на отпадот на градската депонија.

Се работи за супстанца, добиена како екстракт од два вида темни морски алги, што е еколошки прифатлива и не ја загадува почвата и подземните води. Со соодветна примена се спречува горењето на метанот што се создава при разложувањето на органските отпадни материи на депонијата.

– Користењето на препаратот во текот на минатата година покажа висока ефикасност при спречувањето на горењето на отпадот. Густите облаци чад веќе ги нема или се сведени на минимум, со што драстично го намаливме аерозагадувањето. Оваа постапка е позната во другите земји, а ние почнавме да ја применуваме од пред две години и ќе продолжиме во иднина, сè до изградбата на современа регионална депонија, истакна Андреј Киров, директор на „Водовод“.

За набавката на екстрактот од морски алги комуналното претпријатие вложи 1,2 милиони денари од сопствената сметка, а третирањето на депонијата ќе се врши сукцесивно, според потребите на терен.

Користењето на препаратот почна по реакциите во јавноста и протестите на граѓаните против горењето на депонијата кај селото Бели, што предизвикуваше загадување на воздухот и животната средина. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Гори дива депонија во Шуто Оризари, пожарникарите интервенираат на терен
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
Општина Кочани алармира: Повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции
МЗШВ: Известување за претпазливост
Таг:депонијаКочани
Претходен напис Битиќи: Со електронските картички за српските туристи нема да се дестимулира домашниот туризам
Следен напис Царинската управа информира за начинот на распоредување на стоките, мерките на трговска политика и увозот на мазут
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?