Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царинската управа информира за начинот на распоредување на стоките, мерките на трговска политика и увозот на мазут
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царинската управа информира за начинот на распоредување на стоките, мерките на трговска политика и увозот на мазут
Агровести

Царинската управа информира за начинот на распоредување на стоките, мерките на трговска политика и увозот на мазут

Објавено 27/05/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во царинската тарифа, постојат различни видови на нафтени деривати, таканаречени лесни, средни и тешки масла, односно масла за ложење кои уште се нарекуваат мазути. Во процесот на царинење на мазутот, основна функција на Царината е да утврди првенствено дали декларираниот мазут, навистина претставува мазут или пак претставува некој друг вид на масло за горење, информираат од Царинската Управа на Македонија во нивното објаснување во врска со низата вести и информации што изминативе денови се објавуваат во медиумите.

Дополнуваат дека ова е од исклучителна важност, бидејќи во секојдневната пракса, низа увозници сакаат да ги декларираат нивните производи како мазут, наместо како дизел горива, со цел да платат помала акциза, бидејќи мазутот има пониска акциза во однос на другите нафтени деривати.

Од тој аспект, како што велат, првенствена контрола на Царинската управа е контрола на фискалниот аспект на нафтените деривати, односно правилна наплата на царинските давачки, ДДВ и акцизата, како и правилно утврдување на царинската вредност.

Во периодот 2018-2020, Царината има откриено низа обиди за погрешно и неправилно пријавување на стоките, со цел плаќање на помали увозни давачки. Кај сите увозници се извршени дополнителни наплати и прибрани значителни финансиски средства, стои во соопшението. Во оваа постапка, Царината ги користи и услугите на сопствената царинска лабораторија, чија основна функција е анализа на фискалните параметри на нафтените деривати, со цел правилно полнење на буџетот на државата. Овој вид на контрола е исто така, во согласност со препораките на Европската Унија за спроведување на царинските контроли, што се дефинирани во Поглавје 29.

Во однос на спроведувањето на мерките на трговската политика (дозволи, забрани и ограничувања) што се применуваат при внесување на мазут во царинското подрачје на Република Северна Македонија, предвидено е доколку мазутот содржи сулфур над 1 отсто да не смее физички да влезе на територијата на државата. Од тие причини, Царината преку царинската лабораторија врши задолжителна контрола единствено на содржината на сулфурот.

Доколку мазутот содржи поголема количина на сулфур од дозволеното, тој физички не смее да влезе во државата. Оваа одредба е содржана во Одлуката за распоредување на стоките на форми на увоз и извоз, каде е предвиден режимот на забрана. Во однос на останатите мерки на трговска политика што се применуваат при пуштање на стоката во слободен промет (тнр. увоз), за мазутот се предвидени одредни карактеристики за квалитет што се предвидени во Правилникот за квалитет на нафтени деривати.

Како и кај сите останати видови на стоки за кои се предвидени различни стандарди за квалитет, за квалитетот на мазутот, надлежни институции за спроведување на контролата се Министерството за економија- Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина. Овие стандарди за квалитет, додаваат, се однесуваат на пуштање на стоката во слободен промет на внатрешниот пазар, и од логична причина што на пазарот на Република Северна Македонија се појавуваат и нафтени деривати што се произведени од домашни производители. На ист начин е регулирана и потребата за добивање на лиценца, која како документ е задолжителна за пуштање на стока во внатрешниот промет.

Царинската управа на Република Северна Македонија уште еднаш нагласува дека согласно националното законодавство и европското законодавство, особено одредбите од Поглавје 1 – слободно движење на стоки и Поглавје 29 – царинска унија, потребно е јавноста да биде објективно запознаена и информирана за мерките на трговска политика што се применуваат при внес во царинското подрачје и мерките на трговска политика што се применуваат при пуштање во слободен промет, односно внатрешен промет, со цел вистинско осознавање на потребата за контрола на квалитет на мазутот, заштита на здравјето на граѓањето и обезбедување услови за фер конкуренција, велат од Царината.

Во однос на начинот на распоредување на стоките, односно нивно тарифирање во номенклатурата на царинската тарифа, известуваат дека се врши согласно Законот за царинска тарифа, кој претставува клучен закон, каде се содржани тарифните ознаки и царинските стапки што се применуваат при наплата на царинските давачки.

Распоредувањето, односно класифицирањето на стоките во соодветен тарифен број, се врши според описот на тарифните броеви, основните правила 1 и 6 за примена на Царинската тарифа, како и забелешките за распоредување на стоките кон Одделите, Главите и тарифните броеви, наведуваат во соопштението.. Дополнуваат дека основна функција при царинењето на стоките е утврдување на точниот тарфен број каде треба да се распореди стоката, со цел правилно да се наплати царина, ДДВ и акциза при пуштањето на стоките во слободен промет. Така при секое поднесување на царинската декларација, царинските службеници треба да ја идентификуваат стоката и да спроведат документарна контрола, односно да проверат дали декларираниот опис на стоката во царинската декларација е идентичен со декларираниот опис на стоката во фактурата за увоз и во одредени случаи да проверат и физички дали станува збор за тој вид на стока.

При приемот на царинските декларации во процесот на документарна и физичка контрола, потребно е правилно да се утврди и царинската вредност, со цел правилна наплата на царинските давачки, ДДВ и акциза, да се утврди потеклото на стоките, односно да се утврди дали стоките се со преференцијално или непреференцијално потекло. На крај, во процесот на царинење на стоките, потребно е да се спроведат и сите мерки на трговски политика, тнр. нетарифни мерки, односно, да се утврди дали за одреден вид на стока постои некој вид забрана, ограничување или дали е потребно да се приложи одреден сертификат, со цел заштита на здравјето на населенито и на општеството. Во однос на мерките на трговска политика Царинската управа на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека постојат два вида мерки на трговска политика: мерки што се применуваа при внесување на стоката во царинското подрачје на Република Северна Македонија и мерки што се применуваат при пуштање на стоката во слободен промет, што вообичаено се нарекува увоз.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:carinska upravanafta
Претходен напис Препарат од морски алги против самозапалувањето на градската депонија во Кочани
Следен напис Известување до жителите на Општина Битола за достава на барања за проценка на штети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?