Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Премиерот Ковачевски посака успешен гроздобер: Досега во лозарството се инвестирани околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони, директно исплатени кон лозарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Премиерот Ковачевски посака успешен гроздобер: Досега во лозарството се инвестирани околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони, директно исплатени кон лозарите
Агровест

Премиерот Ковачевски посака успешен гроздобер: Досега во лозарството се инвестирани околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони, директно исплатени кон лозарите

Објавено 10/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски присуствуваше на традиционалниот гроздобер во винаријата „Тиквеш“ каде присутните имаа можност да учествуваат и да го проследат процесот на берба на грозје.

Премиерот Ковачевски ја искористи денешната пригода, да ги истакне заложбите на Владата да продолжи интензивно со конструктивната соработка, како и досега, со цел стимулирање на производството на висококвалитетно грозје кое е неопходно за производство на врвни вина со премиум квалитет кои се бараат на домашниот и на странските пазари.

Тој го истакна огромното значење на малите и големите винарии, чии активности придонесуваат за унапредување на квалитетот на македонското вино и претставувањето на нашата земја како винска земја и рамноправен дел од винската карта, на регионот и пошироко.

Премиерот Ковачевски во разговорите истакна дека по консултации со винариите и лозарите годинава е постигнат договор за зголемување од историски 30% на овогодинешните откупни цени на грозјето.

Од 2017 година досега, се решени проблеми и покажана е сериозна грижа за лозарите. Преку разни основи на поддршка достигната е бројката, инвестирани се околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони, средства директно исплатени кон лозарите.

Зголемени се основни субвенции за одржување на лозови насади. Покажана е грижа и за малите производители, сменет е Законот за вино, и денеска постојат вкупно 139 субјекти, а 71 се регистрирани само оваа година.

Обезбедена е финансиска поддршка и за винариите преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година, за регистрирани производители на вино кои во овие две години имаат произведено и извезено вино.

Винариите беа помогнати и со мерките за време на КОВИД кризата кога беа исплатени 649 милиони денари директна помош на лозарите.

Сите мерки резултираа со стабилизирање на домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво.

Трета година по ред бележиме раст на извозот на вино, но и на винарските визби кој заклучно со 2022 година изнесува 139 со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри.

Премиерот Ковачевски на денешниот настан, посака среќа и бериќет, со желби за берба на квалитетно грозје и производство на квалитетно вино.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Националната земјоделска мрежа со соопштение: Зошто државата бара поврат на субвенциите за тутун за 2024?
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Таг:гроздобергрозјековачевскинајновореколта
Претходен напис Кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини
Следен напис Николовски: Следна исплата се субвенциите за овци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?