Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини
Агровест

Кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини

Последна измена: 09/09/2022 19:53
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Септември е месец кога поинтензивно се одвиваат земјоделски активности, како гроздобер и сл., што значи дека ќе се зголеми бројот на земјоделски машини кои ќе се вклучат во сообраќајот на патиштата. Затоа, РСБСП и МВР спроведуваат кампања „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“.

Целта на кампањата е подигање на свеста за одговорно и рамноправно учество во сообраќајот на возачите на трактори и земјоделски машини, подигање на свеста за управување на технички исправни и регистрирани трактори и други работни машини, свеста за нивна поголема видливост во сообраќајот, исправност на светлосните сигнални уреди, како и подигање на свеста на возачите на трактори за почитување на правилата и прописите во сообраќајот, но и за подигање на свеста кај останатите возачи на моторни возила за поголема внимателност во сообраќајот и почитување од нивна страна на возачите на трактори и другите земјоделски машини како рамноправни учесници во сообраќајот.

Кампањата ќе се реализира на територијата на целата држава. РСБСП и МВР ќе организираат повеќе јавни настани за директна комуникација со возачите на трактори и земјоделски машини, едукација и превентивно предупредување од страна на сообраќајната полиција на возачите на трактори ‒ за нивно безбедно и одговорно учество во сообраќајот, и други активности.

РСБСП упатува апел до возачите: Обрнете внимание на тракторите и земјоделските машини – и тие рамноправно учествуваат во сообраќајот, а на возачите кои управуваат со трактор и земјоделски машини им порачува: Возете технички исправни и означени трактори и други земјоделски машини, бидете видливи во сообраќајот и почитувајте ги правилата и прописите. БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО!

Може да ви се допадне

НАЈК ПРОМ ДООЕЛ: Високо квалитетни ротациони КОСАЧКИ од турско потекло
Откриен угостителски објект на земјоделско земјиште: Непријавени вработени, без хидранти и план за евакуација – Утврдени низа неправилности
Лозарите ги покриваат виновите лози за да ги заштитат од ниските температури
Трипуновски: Ќе ги забрзаме процесите за обештетување на посевите од измрзнување на повеќе култури како што се праска, кајсија, дуња, цреша и други
(ВИДЕО) Во „Хемометал“ – гужва, земјоделците заинтересирани за „СОЛИС“ тракторите и друга механизација
Таг:машинимврТрактортрактори
Претходен напис Мурал „Гроздоберачка” доби Вински музеј Кавадарци
Следен напис Премиерот Ковачевски посака успешен гроздобер: Досега во лозарството се инвестирани околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони, директно исплатени кон лозарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?