Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повик за појавување на интерес за организирање на саеми од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија од страна на земјоделски производители 03/2026
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Повик за појавување на интерес за организирање на саеми од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија од страна на земјоделски производители 03/2026
Јавни огласи и повици

Повик за појавување на интерес за организирање на саеми од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија од страна на земјоделски производители 03/2026

Објавено 07/10/2026
Сподели
10 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани страни да појават интерес и поднесат предлог до министерството за организирање на саеми од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија од страна на земјоделски производители кои се утврдени во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој со назив „Саем – Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна – Скопје“. Предлозите да бидат доставени во затворен плик на која горна лева страна треба да пишува „НЕ ОТВАРАЈ“ за мерка 1 „Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој“ точка 1.1 „Промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија“ алинеја 1 „Саем – Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 30/26, 64/26 и 225/26). За организирање на оваа манифестација се обезбедени 1.000.000 денари.

I. На овој повик согласно член 3 став (5) од Уредбта за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 208/19, 236/19, 53/21, 175/21, 257/21, 67/22, 81/22, 206/22, 43/23, 123/23, 223/23, 82/24, 188/24, 26/25, 88/25, 157/25, 29/26 и 92/26) можат да појават интерес и да се пријават следните субјекти:

1.       Здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој регистрирани согласно Законот за здрженија и фондации;

2.       Јавни научни установи и истражувачи согчласно Законот за научно-истражувачка дејност;

3.       Образовна институција или установа која ги исполнува условите согласно Законот за високо образование (*), Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и Законот за образование на возрасните;

4.       Единици на локалната самоуправа;

5.       Стопанските комори основани согласно закон и

6.       Задруги регистрирани согласно Законот за задругите или земјоделски задруги регистрирани согласно Законот за задругите.

II. Рокот за појавување на интерес и доставување на предлог за организирање на саемот е 15 денови од објавување на повикот вклучително и сабота и недела. Денот на објавување на повикот не е вклучен во бројот на денови. Доколку последниот ден е недела се префрла во понеделник како последен ден за поднесување на интерес и предлози.

Предлози доставени после рокот за појавување на интерес нема да бидат предмет на понатамошна постапка на разгледување и истите ќе бидат одбиени. Предлозите се доставуваат во затворен плик до архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Сектор за рурален развој, ул. „Аминта III“ број 2, 1000 Скопје.

III. Предлогот за користење на техничка поддршка треба да содржи:

1.      Податоци за предлагачот;

2.      Назив и резиме на предлогот;

3.      Опис на предлогот (опис на постоечки состојби,  поставени цели, целни групи, активности кои ги опфаќа предлогот и очекувани резултати);

4.      План на активности со временска рамка за реализација на предлогот по активности и методологија за нивна реализација;

5.      Финансиски план на трошоците со детална спецификација на трошоци, временска рамка за нивно настанување и извори на финансирање, како и банкарска сметка на која треба да се исплати поддршката и одговорно лице за настанот-само за трошоци поддржани од министерството;

6.      Изложбен дел (список на изложувачи, со вид на производи);

7.      Едукативен дел (список на едукатори и работилници, панели со иновативни и дигитални решенија во земјоделството итн.);

8.      Културно-промотивен дел (традиционална музика, локална уметност);

9.      Изјава дека прифатливите трошоци за реализација на активноста не се финансирани од друга институција заверена на нотар и

10.  Изјава на организаторот дека ќе обезбеди најмалку 50 изложувачи, заверена на нотар.

IV. Кон предлогот за користење на техничка поддршка се приложуваат и следните документи:

1.    Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна МАкедонија;

2.    Препораки или други докази за претходна имплементација на сродни предлози;

3.    Доказ од Централен регистар на Република Северна Македонија дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка;

4.    Доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки;

5.    Изјава потпишана од најмалку 10 членови на здружението/задругата, заверена на нотар и извод на регистар  на членови и

6.    За здруженија: годишна програма за работа со вклучени активности од предлогот за користење, усвоена согласно Статутот.

Предлогот се доставува во еден оригинален примерок, потпишан и заверен со печат од потенцијалниот корисник на техничката поддршка.

V. Прифатливи трошоци за поддршката за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на саем од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија од страна на земјоделски производители кои се утврдени во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој се:

– закуп на простор;

– изнајмување на штандови и/или бина;

– изнајмување на опрема (аудио и видео опрема, озвучување и осветлување, маси, столици, шатори/пагоди);

– огласување во печатени и електронски медиуми (закуп на медиумски простор) и

– набавка на промотивен материјал (покани, постери, летоци/флаери, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама).

VI. Во случај на два или повеќе баратели на финансиска поддршка кои појавиле интерес и доставиле предлог предност ќе има барателот кој прв во време ги доставил документите во архивата на министерството или ги испратил преку пошта со час, минута и секунда (прв дојден прв услужен) со доволен број на изложувачи од дел III точка 10 на овој повик.

VII. Начин на доделување на техничката поддршка

Министерството со овој повик објавува детално упатство за изработка на предлогот и распоред на работилници за информирање за спроведување на мерката кон потенцијалните корисници.

Техничката поддршка се реализира по потпишување на договорот.

Висината на поддршката изнесува 100% од прифатливите трошоци, а остатокот од потребните средства кои го надминуваат максималниот износ на поддршката по корисник се на товар на барателот.

Исплатата на техничката поддршка се врши по доставен извештај за реализирана активност и плаќање до Министерството во износ до 100% од одобрената сума,  но не повеќе од максималниот износ до 1.000.000 денари, во согласност со одобрените средства во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.

Корисниците на техничката поддршка треба во рок од 30 дена по завршување на активноста да достават извештај за реализираната активност до Министерството кој треба да содржи:

–      пропратно писмо со листа на документи кои се доставуваат;

–      наративен опис на реализираната активност;

–      фактури за набавка на промотивен материјал и/или услуга за закуп на простор, изнајмување на штандови и/или бина, изнајмување на опрема и огласување во печатени и електронски медиуми помеѓу организаторот и изнајмувач на просторот, штандови и/или бина, опрема, печатени и електронски медиуми  со спецификација, испратница и/или работен налог, со извод од банка за платени прифатливи трошоци;

–      доказ дека се оддржала манифестацијата/саемот (фотографии).

Во прилог се доставува упатство за поднесување на предлогот со потребната документација.

Упатство за поднесување на предлогот со потребната документација

МЗШВ

Може да ви се допадне

Образец за поднесување на иницијативи за изработка на предлог Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2027 година
ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК БР. 03/2026 – МЕРКА 8 ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СТОЧАРСКИОТ СЕКТОР
АНАЛИЗА: Попис на земјоделството,  втор во независна држава, го губиме изворот на храна?
Хоџа и Тренов во Тирана: Современите технологии и одржливото управување со водите се приоритет за развојот на земјоделството
Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството
Таг:земјоделски производителиземјоделствотоповикруралниот развојсаеми
Претходен напис Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот
Следен напис ЕУ со нов модел на проширување: што се менува?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?