Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот

Објавено 07/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Една година по приклучувањето на Република Македонија кон Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, граѓаните и компаниите ги користат придобивките од побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра. Приклучувањето кон СЕПА претставува значајна реформа во платежниот систем, со која законската и институционалната рамка на земјата се усогласи со европските стандарди. Со практичната имплементација од страна на Народната банка и банките, оваа реформа денес носи конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот, наведуваат од Министерството за финансии.

– Пред една година направивме важен чекор кон европските стандарди во плаќањата. Денес, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра. Министерството за финансии создаде клучна реформа со која Република Македонија се приклучи кон СЕПА со што се овозможи практичната имплементација од страна на Народната банка и банките. СЕПА е пример дека реформите не се само промени во законите – туку конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот – напиша на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со приклучувањето кон СЕПА, додаде, граѓаните и компаниите можат да вршат прекугранични плаќања во евра под исти правила и стандарди како во земјите од Единствената област за плаќања во евра. Тоа придонесува за побрзи, побезбедни и поефикасни трансакции, како и за намалување на трошоците поврзани со прекуграничните плаќања.

Придобивките, како што вели, се особено значајни за компаниите, за кои поефикасните прекугранични плаќања значат полесно работење со европските партнери, подобра ликвидност и намалување на трансакциските трошоци.

Клучен чекор во спроведувањето на реформата беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи, подготвен од Министерството за финансии и предложен од Владата, како и усвојувањето на подзаконските акти од страна на Народната банка.

– Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 година, додека на 6 март 2025 година беше прифатена апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања за приклучување кон СЕПА. Со тоа се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќања во евра. Станува збор за платежен простор кој опфаќа 41 европска земја. Една година СЕПА е пример дека реформите кои се спроведуваат носат конкретни резултати и директни придобивки за граѓаните и компаниите, посочуваат од Министерството за финансии и додаваат дека продолжуваат со реформите насочени кон усогласување со европските стандарди и создавање подобри услови за граѓаните и бизнисот.

МИА

Може да ви се допадне

Развојната банка во Битола ги претстави финансиските можности за компаниите
(ВИДЕО) Како изгледа производство на пиперки и краставици со однапред договорен откуп и добра цена
Активни четири пожари, два се под контрола
Божиновска од Белград: Се гради посигурен и поврзан енергетски регион
Угостителските услуги за една година поскапеле 3,8 отсто
Таг:бизнисотДимитриеска-КочоскапридобивкиСЕПА
Претходен напис Развојната банка во Битола ги претстави финансиските можности за компаниите
Следен напис Повик за појавување на интерес за организирање на саеми од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија од страна на земјоделски производители 03/2026
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?