Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишани договори за 274 проекти во општините во вкупна вредност од околу 4,1 милијарда денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишани договори за 274 проекти во општините во вкупна вредност од околу 4,1 милијарда денари
АгровестиРурален Развој

Потпишани договори за 274 проекти во општините во вкупна вредност од околу 4,1 милијарда денари

Објавено 27/10/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Владата денеска беа потпишани договори со општините за реализација на 274 проекти за капитални инвестиции во вредност од 4,1 милијарда денари. Договорите се однесуваат за реализација на проекти во делот на образованието, транспортот, социјалната политика, културата и туризмот, животната средина и во спортот. 

– Согласно првиот повик што го објави Министерството за локална самоуправа, денеска вклучуваме договори за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4.1 милијарди денари. Денеска се потпишуваат договорите што се темелат на шест владини одлуки, поделени на шест клучни ресори каде што овие пари ќе бидат инвестирани во изградба на проекти, појасни премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата одржана веднаш по потпишувањето на договорите.

Речиси 133 милиони денари се одвојуваат за реконструкции, изградба и модернизирање на училишта и спортски сали, а се опфатени општините Гази Баба, Битола, Липково, Боговиње, Кичево и други. 

За реализација на инфраструлктурни проекти од областа на транспортот се одвојуваат околу две милијарди и 800 милиони денари, а опфатени се општини Берово, Аеродром, Битола, Брвеница, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Врапчиште, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Ѓорче Петров, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карпош, Карбници, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше и други.  Ппроектите се однесуваат на инвестиции во локалната патна мрежа, коловози, патеки, пристапни улици….

Во делот на социјалната политика ќе бидат инвестирани околу 59 милиони денари што ќе бидат употребени за изградба на нови детски градинки во Петровец и Гази Баба.

Во областа на спортот беа потпишани договори во висина од 220 милиони денари за изградба на центри за спорт, рекреативни паркови и спортски сали во општините Вевчани, Демир Хисар, Центар, Битола, Кавадарци, Чашка и други.

За реализација на проекти од културата и туризмот предвидени се близу 200 милиони денари кои се наменети за општините Гевгелија, Пехчево, Радовиш, Гази Баба.

Договори беа потпишани и за проекти од областа на животната средина и просторното планирање за што ќе бидат инвестирани близу 630 милиони денари. Со оваа одлука се опфатени општините Василево, Берово, Шуто Оризари, Пехчево, Пробиштип, Тетово, Бутел, Могила, Делчево, Врапчишта, Липково, Кисела Вода, Чаир, Арачиново, Охрид, Росоман, Чучер Сандево и други.
 
Според премиерот Мицкоски, ова е нивното клучно ветување до граѓаните и доказ за нивната  работа за инфраструктурни инвестиции и директна поддршка на илјадници граѓани.

– За само три месеци, овој проект станува реалност и сега почнува процесот на она што ќе придонесе за промена на тешката реалност и отсуството на поддршка на општините. Ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи и ќе продолжат јавните повици сѐ до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра, подвлече премиерот.

Тој апелираше општините да изработуваат квалитетни проекти и тие, како што нагласи, ќе бидат реализирани.

– На овој начин, државата враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе во Македонија, истакна Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој се осврна на четири општини што немаат воопшто добиено никаков одобрен проект бидејќи задоцниле со документите. За нив рокот за достава на документацијата е продолжен до 15 ноември. 

– Ќе имаат простор до 15 ноември да достават тоа што им недостасува. Но, дел од овие општини што ги споменав, исто така, имаат проекти што се одобрени, но, недостасуваат некои од документите и тие, исто така, ќе треба да ги дополнат документите до 15 ноември и оваа бројка од 270 да дојде до околу 350, така што, сите ќе бидат опфатени што имаат капитални инвестиции, подвлече Мицкоски, додавајќи дека очекувањата се дека бројката на средства што ќе бидат наменети за општините во оваа фаза ќе достигне до шест милијарди денари.

За следната година, како што најави, ќе бидат финансирани проекти од 15 милијарди денари со што ќе се стигне до бројка од 21 милијарда денари.

MИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:денаримилиониопштинарурален развој
Претходен напис Б2Б бизнис форум “Украинско брашно, житарки, тестенини и производи од леб на пазарите на Западен Балкан”
Следен напис На прагот на откуп на тутунот: Побарувачката поголема од понудената производствена реколта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?