Во организација на Сојузот на мелничари на Украина, а поддршано од USAID North Macedonia – USAID, Стопанска и индустриска комора на Украина, Embassy of Ukraine in the Republic of North Macedonia – Aмбасадата на Украина во Македонија, Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија и компанијата Urban Consult Mk, во хотел Буши во Скопје се одржа Б2Б бизнис форум “Украинско брашно, житарки, тестенини и производи од леб на пазарите на Западен Балкан”.
На настанот присуствуваше и претедателот на Агро -бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, г-н Горан Ѓорѓиевски, претставници на Украинската стопанска и индустирска комора во Македонија, како и претставници на неколку поголеми компании од Македонија и Украина.
За време на настанот, украинските производители на брашно, житарки, тестенини, пекарски производи и други производи водеа преговори со претставници на водечките трговски синџири и купувачи на големо од Северна Македонија, Косово, Украина, Албанија и Босна и Херцеговина. Состанокот опфати и презентација на украинските производи, како и дискусии за условите за снабдување на пазарот на Западен Балкан и документациска поддршка за работењето на украинските претставници во регионот.
Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува да работи на поттикнување и унапредување на економската соработка помеѓу македонските и украинските компании со цел зголемување на можностите за извоз и создавање на трговски партнерства.