Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поправката на чевли сè уште барана меѓу кумановци 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Поправката на чевли сè уште барана меѓу кумановци 
Магазин

Поправката на чевли сè уште барана меѓу кумановци 

Последна измена: 10/11/2024 09:13
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Нема ниту пладне, работен ден, а кумановци забрзано влегуваат во дуќанот за поправка на чевли. Некој бара да му се замени дотраениот ѓон, друга да се стави висока потпетица. Занаетчијата Александар Масевски веќе 25 години поправа чевли во дуќанот, сопственост на семејството. Тој е втора генерација и заеднички со брат му ја продолжуваат семејната традиција на поправка на чевли. Ретки се во градот, познат по производство на чевли кој сè уште се занимава со поправка.

Во ера на современо производство, кумановци поправаат чевли, некои заради сентиментална вредност, други, бидејќи сакаат поинаков модел, посовремен, за прилично помалку пари отколку што е потребно за да се купи нов.

– Втора генерација сум и веќе 25 години работам. Интересен е занаетот. Секојдневно имаме различни ситуации, поправки. Понекогаш имам и потешки задачи, како и секоја работа, вели Масевски.

Масевски завршил средно во стручното училиште „Перо Наков“, насока кожарски техничар. Веднаш се вклучил во работата и оттогаш не престанал.

– Најлесна е трговијата. Ние вложуваме повеќе труд во ова за да се заработи. Има и добри и исполнувачки процеси, има и оние кои се малку потешки, потенцира Александар.

Клиентите се различни и генерациски и по однос на барањата. Во дуќанот мајсторите поправаат се, и евтини чевли и брендирани парчиња кои чинат мало богатство.

– И дотраените чевли што се од вистинска кожа можат убаво да се репарираат и да се направат, да изгледаат буквално како нови. Во некои ситуации сме имале презадоволни муштерии кои добиле раритетен пар чевли кои прават биле купени пред неколку децении. Повозрасните носеа на поправка и чевли кои не се лепени, туку се правени со чивии, посебен материјал кој бара и макотрпна работа. Сега е полесно, имаме машини, раскажува Александар.

Дневно во дуќанот поминуваат и до дваесетина луѓе. Масевски објаснува дека како и за секоја работа, така и во неговиот занает, најважно е да се вложи труд и соодветен материјал. Може добро да се живее од занаетот, додава тој. Во зависност од сезоната можно е да има во одреден период повеќе чевли, чизми или сандали.

– Младите поправаат патики. Некои се навистина скапи. Поправаме и брендирани парчиња, одредени продукти произведени во странство за кои клиентите платиле и илјада евра за пар, обично понежниот пол носи за поправка такви чевли. Поправаме и чанти. Во моментов имаме поправка на таква рачно изработена кожна чанта. Има чевли произведени од различни материјали. Можеби најдобра е од Италија. Но поправаме и чевли кои чинат и двеста денари, вели Александар.

Куманово е чевларски град и занаетчијата успева да најде соодветна кожа и друг материјал за работа, но често набавуваат и од соседните земји и градовите од државата од колегите.

– Драстично се зголемени цените особено на материјалите кои се увезуваат, особено за патиките каде се потребни специјални лепила. Први сме во градот кои имаме специјални машини за перење и сушење на патики, заради сè поголемата потреба на клиентите кои купуваат скапи патики и модели и не се осмелуваат самите да ги исперат патиките. Ние овозможуваме и хемиско чистење, вели Масевски

Масевски и неговиот татко и брат повремено изработуваат и готов производ за немоќните, болните лица кои не можат да се движат, изработуваат и чевли број 52 кои ретко се наоѓаат во продавници. Кожните чевли ако добро се одржуваат може да се носат повеќе од три години, ако се користат спрееви и креми, претходно добро исчистени од прашина.

Куманово е познат чевларски град, муштерии има и од други градови. Преку занаетчиската комора Александар учествуваат и на саеми во други земји каде дополнително се едуцира за својот занает.

МИА

Може да ви се допадне

Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
Го замени жешкиот асфалт со мотика: Бане Томашевиќ одгледува живина на село
7 МОЌНИ ДРВА ГИ ЗАШТИТУВААТ КУЌАТА И СЕМЕЈСТВОТО: Кое дрво што поскоро да се засади во дворот
Таг:баранакумановциПоправкатачевли
Претходен напис Околу две илјади бездомни кучиња во Вардарски регион, наскоро стартува хуманото прифатилиште
Следен напис Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?