Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Околу две илјади бездомни кучиња во Вардарски регион, наскоро стартува хуманото прифатилиште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Околу две илјади бездомни кучиња во Вардарски регион, наскоро стартува хуманото прифатилиште
Агровести

Околу две илјади бездомни кучиња во Вардарски регион, наскоро стартува хуманото прифатилиште

Последна измена: 10/11/2024 08:57
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Околу две илјади бездомни кучиња од девет општини во Вардарскиот регион ќе бидат хумано третирани во наредниот период во новоизградениот регионален центар во Кавадарци, што се очекува да почне со работа при крајот на овој месец.

Од новоформираното јавно претпријатие – Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство Стационар Шепа Кавадарци за МИА велат дека на тој начин се очекува да се реши долгогодишниот проблем со бездомните кучиња со кој се соочува регионот. Само во Кавадарци, бројот на бездомни кучиња е над 500, а само околу 13 проценти од нив, засега се соодветно и стручно хумано третирани. 

Од Центарот истакнуваат дека тоа е висока популација, која најчесто потекнува од неодговорното сопствеништво. Со најавените активности, бездомните кучиња хумано ќе се третираат, а се очекува да се спречат и каснувањата на луѓе и пренесувањето на заразни болести. 

Во програмата за хуман третман и благосостојба на бездомни животни на подрачјето на општина Кавадарци е објаснет начинот на решавање на проблемот со бездомните кучиња во деветте општини од Вардарски регион, преку воспоставување на систем за контрола на популација на кучиња согласно на законските прописи. Се нагласуваат и активностите за поттикнување на одговорното сопствеништво, како и неселективното казнување на несовеснитеграѓани. 

Од Центарот истакнуваат дека програмата се базира на методата заловување, стерилизирање, вакцинирање и вдомување или враќање, што е востановена како единствена ефикасна стратегија и од страна на Светската здравствена организација. 

– Поради порастот на популацијата, за најбрз загарантиран ефект ќе се направи план за масовен хуман третман на бездомните кучиња, во рамки на општината во период од шест до 12 месеци. Се предвидува дека со 75 проценти стерилизирани или кастрирани единки, процентот на напредок на популацијата станува нула проценти, по што бројот на бездомни кучиња природно почнува да опаѓа, велат од Центарот. 

Оттаму појаснуваат дека престојот на кучињата во прифатилиштето нема да биде подолго од 30 дена.

Финансирањето е од страна на општините Кавадарци, Неготино, Велес, Свети Николе, Чашка, Демир Капија, Градско, Лозово и Росоман, како и од донации. 

Целосната финансиска конструкција на проектот изнесува 14. 892.319 денари. Дел од средствата во висина од 5.119. 385 денари се обезбедени од Швајцарска амбасада, а 9.772.933 денари од Министерство за локална самоуправа. Деветте општини во Вардарскиот плански регион усвоија модел за управување и организациона поставеност на прифатилиштето на регионално ниво, преку кој секоја општина обезбеди дополнителни средства, за оперативни трошоци за работење на Центарот.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во март при посетата на тогашниот министер за локална самоуправа Ристо Пенов, рече дека капацитетот на објектот е околу 60 кучиња и има услови за згрижување по сите стандарди. 

– Секое куче бездомник ќе биде згрижено, чипирано, кастрирано и социјализирано, изјави тогаш Јанчев. 

Локацијата на објектот наменет за деветте општини, е во населбата Глишиќ. Објектот се протега на површина од 5.470 квадратни метри.

МИА

Може да ви се допадне

ЕБОР: Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција
Заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети си поднесе оставка
Поскапуваат горивата
Утре се отвора првиот Парк на пчелата – училница за студентите, простор за едукација и информирање на граѓаните
Во Зрновци почна пилот проект за производство на трутово млеко за јакнење на имунитетот и за подигање на профитабилноста на пчеларството
Таг:бездомни кучињадве илјадихуманото прифатилиште
Претходен напис Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
Следен напис Поправката на чевли сè уште барана меѓу кумановци 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?