Вкусна пита, десерт кој се јаде со голема сласт…
Состојки:
- 250 грама ориз
- 1 литар млеко
- сол
- 4 јајца
- 5 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 2 јаболка
- 250 грама младо сирење
- цимет
Подготовка:
Сварете го оризот во солено млеко, а потоа тргнете го од оган за да се излади. Белките одвојте ги од жолчките и изматете ги во снег. На жолчките додајте шеќер и ванилин шеќер, па изматете ги пенесто. Јаболките излупете ги и изрендајте.
Во оризот измешајте ја смесата од жолчки, младо сирење и јаболка. Потоа нежно измешајте го снегот од белки. Смесата ставете ја во подмачкан калап за печење.
На врвот наредете парчиња јаболка и наросете цимет, за подобар изглед и печете во рерна загреана на 180 °C 35 – 40 минути.
МИА
