Во кинеската покраина Хенан минатата недела во еден ден паднало толку дожд колку што треба да падне во половина година, што предизвикало најлоша поплава во последното десетлетие на овој простор. Иако страдаше и главниот град на оваа провинција, Зенгзо, во кој се забележени и смртни случаи, водата носела сѐ пред себе и во руралните делови.
Ројтерс ја објави веста за фармерот кој низ длабоката вода до колена извлекува угианти свињи кои една за друга се врзани со јаже. Повеќе од 100 негови животни се удавиле минатата недела, а изгледите за преживеаните не се добри.
Се удавиле повеќе од еден милион домашни животни
„Чекам водостојот да опадне за да видам што ќе правам со преостанатите свињи“, изјавил за Ројтерс 47-годишен земјоделец. „Тие се во вода веќе неколку дена и воопшто не можат да јадат. Мислам дека нема да преживее ниту една“, рекол тој. Неговата фарма е само една од тие илјада во провинцијата Хенан која инаку е позната по производство на овој вид месо.
Овој сточар рекол дека поплавата во моментов ги однела сите негови средства за преживување. Вели, не знае да работи ништо друго бидејќи цел живот ги одгледува овие животни, а нема ни доволно пари да почне повторно со одгледување на стока. И останатите жители на неговото село се занимаваат со одгледување на свињи, а има и доста полјоделци. Некои од нив ги собирале угинатите пилиња на своите фарми, а свињите лежеле во вода заврзани за дрвја за да не отпловат подалеку.
Во поплавата угинале најмалку 200.000 пилиња и до 6.000 свињи, што е половина од стадата во селото, изјавиле земјоделците за Ројтерс. Ширум Хенан дождовите потопиле 1.678 поголеми фарми, усмртувајќи повеќе од еден милион животни.
Поплавите ја шират Африканската свинска чума
Иако кинеското производство на свињи последните години е сѐ поинтензивно, милиони мали земјоделци и понатаму играат главна улога кога станува збор за овој омилен вид на месо на тамошното население. Дури и после разорната епидемија на африканската свинска чума, многу сточари се вратија на одгледување и ги проширија стадата, но сега се грижат дека нема да добијат никаква отштета и ќе можат да продолжат со работа. Минатото лето поплавите во јужниот дел на оваа земја се виновни за десетина случаи на избувнување на оваа болест бидејќи вирусот живее околу 10 дена во изметот и водата, а во ѓубривото и до 100 дена.
„Што и да се наоѓа таму ќе се измие и ќе се рашири насекаде“, појаснил Вејн Џонсон, ветеринар и советник на фирмата Enable Ag-Tech Consulting со седиште во Пекинг.
Затоа минатата недела тамошното Министерство за земјоделство и рурални работи издало насоки на локалната самоуправа за тоа како да се спречи болеста на животните после поплавите, вклучувајќи мерки за отстранување на труповите и дезинфекција на фармите.
Видеото во кое е прикажано како се извлекуваат свињите е со вознемирувачка содржина:
Извор: agroklub.com
