Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кампања на АХВ: Угинатите животни да не се допираат, туку да се пријават на апликација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кампања на АХВ: Угинатите животни да не се допираат, туку да се пријават на апликација
Агровести

Кампања на АХВ: Угинатите животни да не се допираат, туку да се пријават на апликација

Објавено 30/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако месото од животно кое има беснило е термички обработено, не постои опасност луѓето да се заразат, но ако дојде до каснување или контакт со слуз и други екскрети, тогаш има таква можност.

Тоа, сепак, не значи дека контактот на човекот со болното животно веднаш предизвикува зараза. Постои лекарски преглед, лекарска процедура, давање соодветни лекови и третман, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски пред промоцијата на кампањата за пасивен надзор на беснилото што почнува денеска.

Според препораките на ветеринарите, секој што ќе види угинато животно, не треба да го допира. Најдобро е случајот веднаш да го пријави на 0800 00 210 или на мобилната апликација „Стоп беснило”.

-Со пасивниот надзор практично овозможуваме веднаш да се направи пријава. Беснилото е заразна болест, зооноза, која се јавува и кај домашните животни и кај граѓаните. Затоа, многу е важно се она што го прави Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) во целиот регион. Всушност, дел сме од голема кампања во која заедно со другите земји до Западен Балкан продолжуваме да се грижиме и за здравјето на домашните животни, но и за здравјето на луѓето, истакна Бабовски и потсети дека кампањата за пасивен надзор на беснилото е само продолжение на веќе претходно спроведената.

АХВ денеска ја промовираше и кампањата за подигнување на јавната свест за здрава храна. Со овие две кампањи Агенцијата го одбележува завршувањето на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”, вреден 1,6 милиони евра, што се реализираше изминатите две години во рамки на ИПА 2015, со финансиска поддршка од Европската унија. Носител на проектот е АХВ, а спроведувањето беше во соработка со Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Безбедноста на храната е еден од најбитните фактори за зачувување на здравјето на луѓето и домашните животни, потенцира директорот на Агенцијата.

Според заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, инспекторите се постојано на терен и будно ја следат ситуацијата.

-Ова е само еден од проектите што ги спроведуваат Министерството и Секторот земјоделство о поддршка на ЕУ. Со него се дизајнираше и се разви оперативен фитосанитарен информациски систем, но беше усвоен и Правилник со листи на штетни организми, растенија, растителни производи и предмети со цел заштита на земјата од опасности од увоз, рече Димковски.

Донесен е, додаде, и Закон за фитофармација, подготвени се подзаконски акти, како и Национален акциски план за одржлива употреба на пестициди и Прирачник за сертификација на опрема за апликација на пестициди.

-Крајни бенефити се производните процеси насочени кон заштита на животната средина и потрошувачите кои користат побезбедна и здравствено исправна храна, подвлече заменик министерот.

Раководителот на секторот за операции при Делегација на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин порача дека е клучно да се воспостават одржливи механизми за производство на храна.

-Алармот е веќе вклучен. Човештвото користи многу повеќе ресурси отколку што произведува. Мора да престанеме со фрлање, да ја зголемиме свеста кај луѓето, истакна Худолин.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ахвбеснило
Претходен напис СИТЕ информации за Мерка 112: Колку бодови, од кои региони и која дејност има предност за грант од 10.000 евра
Следен напис (Видео) Сточарите извлекуваат илјадници угинати свињи од поплавените фарми во Кина – се заканува ширење на Африканска свинска чума
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?