Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Полжавите можат да предизвикаат штети на овошјето и на зеленчукот, ова се неколку механички мерки за заштита од нив
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Полжавите можат да предизвикаат штети на овошјето и на зеленчукот, ова се неколку механички мерки за заштита од нив
Совети

Полжавите можат да предизвикаат штети на овошјето и на зеленчукот, ова се неколку механички мерки за заштита од нив

Објавено 14/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во одредени години, полжавите можат да предизвикаат голема штета, особено на зеленчукот. Се хранат со секаков вид зеленчук, освен со кромид и лук.

Најголеми штети има при влажно време, особено ноќе. Истражувањата покажаа дека најголема штета во текот на ноќта се предизвикува помеѓу 21 и 01 часот по полноќ. Штетата е лесно видлива бидејќи полжавите оставаат лигави траги, односно сребрени патеки и остатоци од измет.

Од градинарските култури особено сакаат салата и зелка, т.е. бараат сочни млади листови, а многу често ги оштетуваат и плодовите на другите градинарски култури. Најчесто се хранат со лисја, во кои прават дупки или го оставаат само епидермисот. Покрај лисјата и плодовите, тие многу често ги гризат никулците на младите растенија.

Голите полжави особено се издвојуваат по тоа што предизвикуваат штета, особено оние од родовите: Milax, Arion, Limax и Deroceras.
Полжавите ги оштетуваат растенијата во нивните различни фази на развој, особено се критични во фаза на никнување на растенијата бидејќи доведуваат до нивно распаѓање.

На возрасните растенија, полжавите ги стругаат и перфорираат лисјата и стеблата. Во оние области каде што полжавите се јавуваат во зголемена популација, секако треба да се спроведат мерки за заштита.

Мерките за заштита може да се поделат во две групи:

  1. мерки за механичка заштита
  2. мерки за хемиска заштита

Механичките мерки главно се спроведуваат во мали зеленчукови градини и на мали површини. Тие се состојат во употреба на различни материи кои се расфрлаат околу зеленчуковата градина и кои го сушат телото на полжавот и тој угинува. Некои материи го нагризуваат и телото на полжавот. Супстанции кои се вклучени во мерките за механичка заштита се: негасена и гасена вар, пепел, минерални ѓубрива и др. Посебна мерка за заштита од полжави е употребата на пиво (атрактант кого го сакаат полжавите).

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:полжави
Претходен напис Јавен повик за комерцијализација на Центар за преработка на храна (FOOD HUB) – Пехчево
Следен напис Брашното во Австрија поскапело за 129 отсто, путерот за 76, а јајцата за 47
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?