Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Совети

Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир

Објавено 15/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компировата златица е еден од најзначајните и економски најштетни инсекти во производството на компир. Овој штетник може да предизвика сериозни загуби во приносот и квалитетот на производството доколку не се препознае и контролира навреме.

Возрасниот инсект има карактеристична жолто-портокалова боја со десет црни надолжни линии на крилјата и достигнува должина до 10 милиметри. Ларвите се со портокалово-црвена боја и црна глава, а токму тие, заедно со возрасните единки, предизвикуваат најголеми штети.

Штети од компировата златица

Штетите настануваат преку интензивно хранење со листовите на компирот. При силен напад може да дојде до целосна дефолијација на растенијата, што значително го намалува процесот на фотосинтеза и директно влијае врз формирањето на клубените и конечниот принос.

Освен намалувањето на приносот, оштетените растенија се послаби, имаат намалена отпорност кон стресни услови и потешко го завршуваат својот вегетациски развој.

Животен циклус

Компировата златица презимува во почвата како возрасен инсект. Во пролет, кога температурите ќе достигнат околу 15°C, инсектите излегуваат и започнуваат со исхрана и размножување.

Женките можат да положат до 500 јајца на задната страна од листовите. По нивното испилување, ларвите веднаш започнуваат со исхрана и во краток период можат да предизвикаат значителни оштетувања на посевите.

Поради способноста на возрасните инсекти да прелетуваат големи растојанија, ширењето на популацијата е брзо и често масовно. Во нашите климатски услови најчесто развива две генерации годишно, а во потоплите региони и три.

Заштита и контрола

За успешно управување со овој штетник неопходно е редовно следење на посевите и навремена примена на соодветни мерки за заштита. Раното откривање на јајцата и младите ларви овозможува поефикасна контрола и намалување на штетите.

При поголема бројност на штетникот се препорачува примена на регистрирани инсектицидни средства согласно препораките на стручните лица и упатствата на производителот.

Наш совет

Редовно прегледувајте ги насадите уште од почетокот на вегетацијата, особено задната страна на листовите каде што женките ги полагаат јајцата. Најдобри резултати во заштитата се постигнуваат кога третирањето се изведува во раните фази од развојот на ларвите.

Како економски праг за интервенција се смета присуство на околу 10 ларви на 10 растенија. Навремената примена на соодветен инсектицид овозможува прекинување на развојниот циклус на штетникот и значително намалување на неговата популација.

Навремената заштита од компировата златица е клучна за зачувување на приносот, квалитетот и економската исплатливост на производството на компир.

Извор – Советодавна

Може да ви се допадне

Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Таг:заштитакомпирова златицасовет
Претходен напис Намален прометот од продажба на услугите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?