Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Брашното во Австрија поскапело за 129 отсто, путерот за 76, а јајцата за 47


Спиралата на поскапувања во Австрија се уште продолжува, а цените на храната постојано растат, соопштија од Работничката комора.

Најевтиното брашно на годишно ниво поскапе за 129 отсто, путерот за 76, а јајцата за 47 проценти.

„Бројките се алармантни“, укажа Работничката комора. Анализа на цени во седум супермаркети и дисконти покажа дека за најевтино брашно, за килограм во јуни минатата година се плаќаше 0,41 евро, а сега се издвојуваат 0,93 евра. Килограм путер чинеше 5,67 евра, а кон крајот на јуни, 9,96 евра.

– Високите цени особено ги погодуваат лицата со ниски примања, нагласи Габријеле Згубиќ од Работничката комора. Како што таа истакна, голем проблем е што евтини производи често нема во продавниците, па потрошувачите треба да купуваат и поскапи, што дополнително го оптоварува потрошувачкиот џеб. Работничката комора го повтори барањето дека е потребно привремено да се намали ДДВ на намирниците, но, да се воведе и строг надзор на цени, со цел да се овозможи нивното намалување да го почувствуваат и потрошувачите.

Јул 14, 2022agrotim1
Полжавите можат да предизвикаат штети на овошјето и на зеленчукот, ова се неколку механички мерки за заштита од нивНачелен договор меѓу Русија и Украина околу деблокадата на извозот на житарките во Црно Море

Напишете коментар Откажи одговор

14/07/2022 Агровестибрашно41

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019