Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Подготовка на почва и садење на раноградинарски култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Подготовка на почва и садење на раноградинарски култури
Совети

Подготовка на почва и садење на раноградинарски култури

Објавено 27/02/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Подготовката на почвата за раноградинарските култури претставува комплекс од агротехнички мерки со цел создавање оптимални физички, хемиски и биолошки услови за навремено и рамномерноо никнување, интензивен почеток на пораст и формирање како и стабилен и квалитетен принос. Бидејќи раноградинарските култури се одгледуваат во услови на пониски температури и зголемена влажност, посебно внимание треба да се обврне на зачувување на почвената структура и влагата.

Раноградинарски култури како домат, пиперка, краставица, зелка или марула бараат квалитетна подготовка на почвата за да се обезбеди рано и стабилно производство. Добриот расад и плодната почва се основа за здрави растенија и висок принос. Површинската и предсеидбената обработка на почвата на пролет е една од најклучните мерки, бидејќи обработката на почвата ја дефинира пропустливоста на почвата.

Длабочината на површинската обработка зависи од типот на почвата и видот на културата што се одгледува. Обработката се започнува по постигнување на физичка зрелост на почвата, односно кога таа не се лепи за механизацијата и не доаѓа до нарушување на нејзината структура. На површини изорани во есен, во пролетниот период се применува плитка предсеидбена обработка на длабочина од 10 до 15 cm, со цел разровкување на површинскиот слој, израмнување на микрорелјефот и формирање квалитетен сеидбен слој со ситно-грутчеста структура.

Со ова се овозможува подобар контакт меѓу семето и почвата, што е од суштинско значење за рамномерно никнување. Семето кое се користи за сеидба треба да биде квалитетно со високи биолошки вредности и дезинфицирано. Времето на сеидна се одредува во зависност од културата, времето и местото на одгледување односно според климатските услови на регионот.

А според начинот на изведување таа може да биде рачна и машинска. Исхраната на растенијата се темели на резултати од агрохемиска анализа на почвата. Органската материја, доколку не е внесена во есенскиот период, треба да биде добро минерализирана и рамномерно внесена во почвата. Пред садење важно е да се утврди pH вредноста и хранливата содржина на почвата. Оптимална pH за повеќето раноградинарски култури е 6,0–6,8.

Органското ѓубрење со арско ѓубре или компост ја подобрува структурата на почвата, ја зголемува способноста да задржува вода и хранливи материи и го поттикнува развојот на кореновиот систем. Во услови на зголемена почвена влажност и пониски температури, се препорачува формирање на повисоки леји со цел подобрување на аерацијата, побрзо затоплување на почвата и спречување на задржување на вишок вода. Садењето треба да се врши кога температурата на почвата е над 10–12°C, во добро навлажнета почва, на оптимално растојание помеѓу растенијата.

Со правилно растојание се обезбедува добро проветрување и намалување на ризик од болести. По садење задолжително е наводнување за намалување на стресот и побрзо вкоренување на растенијата. На добро подготвена почва, како и правилна и навремена примена на овие агротехнички мерки се создаваат оптимални услови за ран и рамномерен раст и развој на растенијата, подобра отпорност кон болести и плевели и постигнување оптимална продуктивност кај раноградинарските култури.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Таг:подготовкаПодготовка на почва и садење на раноградинарски културипочвасадење
Претходен напис МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
Следен напис АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?