Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
Агровести

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате

Објавено 27/02/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Болеста сипаници кај овци и кози е потврдена во четири одгледувалишта, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од установата велат дека првпат болеста била евидентирана во едно одгледувалиште во кумановско Лопате, пред еден месец кога Факултетот за ветеринарна медицина Скопје потврдил присуство на болеста сипаници кај овци и кози во едно одгледувалиште

– Досега болеста е потврдена во четири одгледувалишта. Во првото примарно жариште убиени и нештетно отстранети се 65 овци. Во останатите две жаришта вкупно се уништени и нештетно отстранети вкупно 61 овца-информираа од АХВ.

Агенцијата презела мерки за сузбивање на болеста, спречување на нејзино ширење и ставање под контрола согласно донесените решенија за контролни и заштитни мерки во однос на болеста сипаници кај овци и кози.

– Со решенијата дефинирани се заштитна и зона под надзор, од три и од десет километри. Наложени и спроведени се мерки за убивање и нештетно уништување и животните во одгледувалиштата каде е потврдено присуството на вирусот, забрането е движење на животни од видовите овци и кози во зоните, а се спроведува и попис на сите одгледувалишта и клинички преглед на животните и во случај на сомнеж земање на примероци за лабораториско тестирање. На одгледувалиштата каде болеста е потврдена наредено е спроведување на мерки за чистење, дезинфекција и третман на просториите, возилата и опремата-наведуваат од Агенцијата.

За утврдување на можниот извор и ширење на болеста се спроведува и епидемиолошко испитување. Со решенијата, наредено е задолжително зајакнување на биосигурносни мерки на фармите во двете зони. За спречување на ширење на болеста забранета е работата на добиточни пазари за сите приемчиви животни (овци и кози), одржување на изложби или друг вид на спортски настани во целата држава. Агенцијата ќе ги засили бројот на контроли на одгледувалиштата на овци и кози во однос на примената на идентификација и регистрацијата на животни, нивните движења и здравствената состојба на животите. Во регионот болеста е присутна на територијата на Грција, во Бугарија и во Србија.

-Болеста не е зооноза, односно не се пренесува и не е опасна за луѓето, но, може да предизвика големи економски загуби-велат од АХВ.

Суровото млеко добиено од животните и производите добиени од тоа млеко може да се стави во промет по термички третман/пастеризација на 72 степени целзиусови во времетраење од петнаесет минути, на одгледувалишта или во одобрен објект и оператор со храна од животинско потекло – сурово млеко и производи од млеко во зоната под надзор, што опфаќа територија околу позитивното одгледувалиште од десет километри. Суровото млеко и производи од млеко надвор од рестриктивните зони може да се употребува.

Со донесеното решение забрането е движење на сите приемчиви животни во и од заштитната зона (три километри) и во зоната под надзор (10 километри) со цел колење во одобрен објект и оператор со храна – кланица за домашни чапункари во зоната. Пред да бидат натоварени животните мора да бидат клинички прегледани и не смеат да покажуваат знаци на болеста. Официјалниот ветеринар во кланицата потребно е задолжително да земе примероци за лабораториско тестирање од сите сомнителни животни. Што се однесува до домашното колење (во двете зони), задолжително мора да се пријави кај надлежното ветеринарно друштво кое мора да изврши клинички преглед на животните и за колењето да го извести официјалниот ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

АХВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвБолестаЛопатеовциПотврденасипаници
Претходен напис Подготовка на почва и садење на раноградинарски култури
Следен напис Општина Дојран организира јавна расправа за Планот за управување со Дојранското Езеро 2026–2035
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?