Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Побарувачката за јаткасто овошје расте, до 2050 година се очекува зголемување на производството за 11 пати ?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Побарувачката за јаткасто овошје расте, до 2050 година се очекува зголемување на производството за 11 пати ?
Растително производство

Побарувачката за јаткасто овошје расте, до 2050 година се очекува зголемување на производството за 11 пати ?

Објавено 04/03/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Експертите предвидуваат зголемување на побарувачката и производството на јаткасти плодови, но за тоа да биде одржливо, важно е интегрирано управување со водeнитe  ресурси. Придобивките од консумирањето на јаткасти плодови како извор на хранливи материи и протеини се веќе добро познати, но со секое зголемување на нивното производство треба да се земе предвид одржливоста на водените  ресурси. Експертите предупредуваат дека во светот 74% од јаткастите плодовите ,  се произведуваат под воден стрес, што секако предизвикува големи загуби на вода.

Еден милион тони бадеми годишно се произведуваат под воден стрес

Во Небраска на универзитетот Твенте, експертите проучувале колку растенијата кои имаат јаткасти плодови се одгледуваат  со помош на наводнување. Резултатот покажал дека 74% од вкупното производство се одгледувани под воден стрес, од кои 63% се одгледувани под многу голем стрес  и тоа во повеќето  региони на светот. Поголем број  вакви случаи се забележани во Индија, Кина, Пакистан, Блискиот исток, САД и  на Медитеранот.

Водениот стрес се јавува кога побарувачката за вода ја надминува расположливата количина на вода  и тоа во одреден период или кога лошиот квалитет на водата  ја ограничува нејзината употреба.

  Околу еден милион тони  бадеми годишно се произведуваат со огромна потрошувачка на вода, од кои 60 проценти во Калифорнија која е позната по  одгледувањето на ова овошје. Потоа  следуваат оревите со 6,67 тони годишно, фстаци со 0,36 тони и лешници со 0,28 тони годишно. Кикириките со  род од околу 8,7 милиони тони годишно , се одгледуваат под воден стрес, претежно во Индија и Кина, откриле истражувачите.

Во медитеранската област, со зголемена потрошувачка на вода, се одгледуваат големи количини бадеми и лешници, посебно во Шпанија, Италија, Грција, Турција, Израел, Либан, Либија, Тунис и Мароко.

 Производството на јаткасто овошје  може да се зголеми за 11 пати

Авторите на студијата пресметале дека доколку поголемиот дел од населението се придржува до  препораките за исхрана која бара зголемен број на растителни протеини, до 2050 година,  ќе се  зголеми побарувачката на јаткасто овошје , а со тоа  секако и  производството,  и тоа дури за 11 пати.

  Една таков режим на исхрана  беше објавен  од страна на една група составена од 37 научници . Во изготвувањето биле вклучени и здравствени работници, климатолози, земјоделци и друго. Нив им биле потребни две години да го осмислат овој начин на исхрана кој може да нахрани 10 милијарди луѓе без да и  наштети на планетата. Оваа диета вклучува консумирање на 50 грама јаткасти плодови  на ден .

 Што е важно за одржливо одгледување?

Бидејќи големи количини на јаткасти овошје се веќе произведени под воден стрес, одгледувањето треба да се направи на начин кој е одржлив, бидејќи нивното одгледување   негативно влијае врз водните ресурси во различни делови на светот.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:зголемување на побарувачката на јаткасти плодовијаткасто овошјенедостаток на вода
Претходен напис „СЕМЕНАРСТВО“ со новитети и едукација во интерес на земјоделците
Следен напис „Метеобот“ – неминовност за новото време, значителна заштеда на пари и средства за заштита
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?