Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

„Метеобот“ – неминовност за новото време, значителна заштеда на пари и средства за заштита


Климатските промени донесоа големи предизвици за земјоделците и агрономските пракси што се применуваат не можат повеќе едноставно само да се пресликуваат од година во година.

Потребно е да се надгледува производството на сите нивоа и да се реагира во реално време штом ќе се воочат потенцијалните ризици.

Во просек 35% од уништениот род се должи на задоцнета заштита.

Метеобот е aвтоматска агрометеоролошка станица е производ на висока технологија кој е направен за компјутерска дијагностика и употреба во интензивно, прецизно и дигитално земјоделие. 

Функцијата на Meteobot  е прибирање, обработка и приказ на метеоролошките информации кои даваат навремена информација за почетокот, времетраењето и интензитетот на напад на одредени болести или штетници. Со тоа се овозможува прецизно одредување на рокот на третирање на заштитни средства и лесен избор на препарати за заштита. 

Со користењето на Meteobot може да се постигне значителна заштеда на пари и средства за заштита. 

Собраните метеоролошки податоци ќе ви помогнат за одредување на микроклиматските услови кои пак ќе ви олеснат избор на култура, сорта и технологија на одгледување.  

Meteobot станицата е опремена со мобилна апликација и софтвер на модел за прогноза на болести. Прогностички модели за болести за различни култури ги прикажуваат и бележат временските услови за инфекција (примарна и секундарна) и дали таа инфекција ќе премине во болест. 

Со мобилната апликацијата на корисникот му е овозможен пристап од било кој компјутер, таблет и мобилен телефон кој има пристап до интернет во сите измерени параметри од станицата како и временска прогноза за следните 10 дена. 

Meteobot® се состои од микропроцесорска единица, соларен панел и периферни мерни инструменти што ги мери следниве параметри: 

  • Температура на воздухот
  • Релативна влажност
  • Воздушен притисок
  • Количество на врнежи
  • Влажност на лист
  • Температура на почва
  • Влажност на почва
  • Брзина и правец на ветер
  • Глобално зрачење

Во суштина ви се даваат информациите кои ви се потребни да ги добиете најдобрите можни резултати за што подобар раст и принос на вашиот насад.

 Со правилна примена ќе успеете да направите значајни заштеди на средствата за заштита, човечкиот труд и работата на механизацијата.

Целта е една – да се користи заштита само кога треба

БОЛЕСТИ НА КУЛТУРИ

Винова Лоза – Пламеница, Пепелница, Ботритис, Црно гниење на зрна

Јаболка/Круша – Краставост, Пепелница на Јаболко, Бактериска Пламеница, Антракноза, Јаболков црв, овошна оса

Праска – Кадравост на лист, Монилија на цвет, монилија на плод

Цреша/Вишна – Монилија на цвет, монилија на плод, шупликавост на лист, сипаници

Слива – Пламеница на слива, Тафрина, 

Пченица – Кафеава и Жолта рѓа, пегавост на лист, пепелница, фузариум, микотоксини

Пченка – Микотоксини (fumonisin and aflatoxin)

Компир – Пламеница, Црна пегавост Домата – краставост, пламеница, црна дамка, 

Пиперка – пламеница, пепелница, сива дамкавост

Маслинка – Пауново око

Диња и Бостан – Пламењаца, Пепелница, Антракноза

Мар 5, 2020agrotim1
Побарувачката за јаткасто овошје расте, до 2050 година се очекува зголемување на производството за 11 пати ?Зголемените површини со пролетна зелка може да ја намалат откупната цена

Напишете коментар Откажи одговор

05/03/2020 Агропрогнозавременски прилики, заштита, мерки, метеобот723

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019