Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пласманот сеуште е проблем за органското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Пласманот сеуште е проблем за органското производство
Органско производство

Пласманот сеуште е проблем за органското производство

Објавено 24/10/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“, поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска во Битола организираше промотивен настан за поттикнување и развивање на органското производство.

Според заменик министерот за земјоделство, Благе Цветковиќ, Владата презеде конкректни мотивирачки активности за производителите, но и тие треба да вложуваат, посебно во знаења за органското производство.

-МЗШВ го поддржува и поттикнува органското производство зашто тоа ќе може да се пласира на странските пазари. Последниве години забележлив е трендот и зголеменото органско производство, а во 2019 година беа обезбедени 89 милиони денари поддршка. Земјава има големи природни потенцијали за развој на органско производство, рече Цветковиќ.

Учесниците на манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ беа информирани за начинот за сертифицирање на производите во органски производи, а со посредство на ЗЕЗ „Зелена берза“ – Битола промовираа и дел од своите производи.

Во државата се сертифицирани околу 1.000 субјекти, дел за растително производство, но има и сточари, пчелари, преработувачи, трговци и други. Тие во секојдневието се среќаваат со различни проблеми, малите производители се соочуваат со проблеми со пласманот, не се достапни до купувачот, или не се доволно информирани со кои заштитни средства може да се заштитуваат одредени производи, изјави Горан Колев, претставник на сертификациското тело, акредитирано за контрола и овластено од МЗШВ за контрола на органски производи.

Во рамки на проект проектот „Незаменливиот вкус на традицијата“ ќе биде објавена публикација посебно корисна за младите да се поттикнат да се занимаваат со земјоделство и традиционален начин на приготвување различни македонски специјалитети, беше истакнато на настанот.

Може да ви се допадне

Во Градско трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“
Во Пробиштип трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“
(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Таг:вкусзелена берзаорганска хранатрадицијатрибина
Претходен напис ЕК одвојува 1 милијарда евра за кредитирање на млади фармери
Следен напис Доколку сакате да набавите земјоделска механизација, ова е изборот кај нас…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?