Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

ЕК одвојува 1 милијарда евра за кредитирање на млади фармери


Европската комисија (ЕК) и Европската инвестициона банка (ЕИБ) заеднички ќе финансираат 1 милијарда евра за млади земјоделци, соопшти прес-центарот на ЕК, јавува Фармер.бг

Програмата, целосно финансирана од ЕИБ, треба да биде поддржана од банките-учеснички во секоја земја-членка и со тоа потенцијалниот износ достигнува 2 милијарди евра.
Комисијата нагласува дека најмногу е загрижена за тоа како старее популацијата во агросекторот.

Во категоријата млади фармери, 11 отсто од вкупно 10,3 милиони земјоделци во 2016 година, според Еуростат (и 32 отсто над 65).

Главен проблем е да им се обезбеди пристап на младите фармери на долгорочни заеми со разумни каматни стапки, рече комесарот на ЕУ за земјоделство и рурален развој Фил Хоган.

Програмата ќе биде управувана на ниво на земја-членка од страна на банките и лизинг компаниите кои работат низ ЕУ. Покрај тоа, програмата ќе се осврне на многу од сегашните недостатоци со кои се соочуваат земјоделците:

• пониски каматни стапки;
• подолги периоди до 5 години за почеток на отплата на кредитот;
• Подолги периоди на отплата (до 15 години);
• Додадена е флексибилност, во зависност од условите, да се одговори на нестабилноста на цените во земјоделскиот сектор за да се осигури дека земјоделците продолжуваат да ги отплаќаат кредитите.

Според оваа шема, два пилот-заеми од 275 милиони евра ќе бидат воведени во Франција. Овие кредити се конкретно насочени кон млади фармери и ублажување на климатските промени.

Извор: Farmer.bg

Окт 23, 2019agrotim1
Селами: Полошкиот Регион ќе развие 13 проекти со буџет од 194.922.194 денариПласманот сеуште е проблем за органското производство

Напишете коментар Откажи одговор

23/10/2019 Агровестиевра, земјоделци, кредити, млади, пари, фармер193

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019