Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Перински на состанок со градоначалниците од Југоисточниот плански регион: Во Гевгелија ќе се реконструира чаршијата, нова канализациона мрежа во Василево, а во Радовиш целосна реконструкција на старата стоковна куќа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Перински на состанок со градоначалниците од Југоисточниот плански регион: Во Гевгелија ќе се реконструира чаршијата, нова канализациона мрежа во Василево, а во Радовиш целосна реконструкција на старата стоковна куќа
Агровест

Перински на состанок со градоначалниците од Југоисточниот плански регион: Во Гевгелија ќе се реконструира чаршијата, нова канализациона мрежа во Василево, а во Радовиш целосна реконструкција на старата стоковна куќа

Објавено 10/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска имаше состанок со градоначалниците од Југоисточниот плански регион.

На состанокот министерот Перински се информираше за приоритетните потреби на општините и на граѓаните, како и на подготвеноста на локалните власти,  да реализираат поголеми инфраструктурни проекти.

Министерот Перински, нагласи дека Владата во континуитет ќе ги поддржува општините, со цел во секоја општина, во секое населено место, да се обезбедат основните услови за живеење и да се подобри квалитетот на услугите за сите граѓани.

„Ние сакаме секој граѓанин да има пристојни услови за живеење во својот град, во своето село и таму да ја гради перспективата за своето семејство.  Секоја општина, секој плански регион, има свои потенцијали, кои што со поддршка на Владата, можат да бидат ставени во функција на развојот и на подобрувањето на условите за живеење и за работа на граѓаните.“, рече Перински.

Од локалните власти министерот Перински доби уверување дека тие се подготвени, има готови проекти со целосна проектна документација и дека ќе бидат аплицирани проекти, кои што ќе имаат директно влијание на животот на граѓаните.

Како проекти, кои се подготвени, беа спомнати, реконструкцијата на чаршијата во Гевгелија, потоа целосно нова канализациона мрежа во населеното место Василево и целосната реконструкција на старата стоковна куќа во Радовиш, која скапува цели 30 години.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, најави дека веднаш по ребалансот на Буџетот ќе биде објавен јавен повик за финансирање на поголеми инфраструктурни проекти во општините, на што веќе се работи во Министерството за локална самоуправа.

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:владалокална властперинскипроектиреконструкција
Претходен напис Пожар кај Пепелиште се шири кон планина Серта, од Општина Неготино има барање за асистенција од хеликоптер
Следен напис Портокалов аларм, температури и над 40 степени, во Скопје зголемен број колапси на јавни места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?