Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Портокалов аларм, температури и над 40 степени, во Скопје зголемен број колапси на јавни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Портокалов аларм, температури и над 40 степени, во Скопје зголемен број колапси на јавни места
Агропрогноза

Портокалов аларм, температури и над 40 степени, во Скопје зголемен број колапси на јавни места

Објавено 11/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневни температури кои наместа надминуваат и 40 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Исклучок ќе има в недела, кога, според синоптичарите, во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје за МИА изјави дека поради топлото време деновиве е зголемен бројот на интервенции при колапси на јавни места.

– Колабираат и помлади и повозрасни граѓани. Дневно имаме пријави за околу десетина колапси. Дали во автобус, дали на работно место… Имаме и пораст на повици од лица кои бараат совети телефонски, рече Реџепи.

Претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова во изјава за МИА информираше дека поради топлото време, деновиве само во нејзината ординација биле однесени две лица со инфаркт.

– Забележително е дека луѓето имаат проблеми, особено оние со хронични заболувања. Нашите апели се да не се движат по горештините, сите обврски да ги завршуваат во раните утрински часови. Препорачуваме многу лесна храна, да се избегнува јадење количински во топлите часови. Граѓаните да внесуваат многу течности преку ден, вели Чолакова Дервишова.

Од Институтот за јавно здравје препорачуваат граѓаните во овие ексремно толи денови со себе да носат шише вода, да имаат на себе лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира.

Надлежните советуваат активностите на отворено да се спроведуваат пред 11 и по 17 часот. При престој на отворено, да се биде во сенка. Доколку се престојува во затворен простор со вклучено ладење од клима уред, препорачливо е да се исклучи климата барем половина час пред да се излезе надвор на топло. Тоа, со цел човекот полесно да се адаптира на температурната разлика. 

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Реализирана втората авионска фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје
Таг:40 степенијавни местаколапсиПортокалов алармСкопјетемператури
Претходен напис Перински на состанок со градоначалниците од Југоисточниот плански регион: Во Гевгелија ќе се реконструира чаршијата, нова канализациона мрежа во Василево, а во Радовиш целосна реконструкција на старата стоковна куќа
Следен напис Високи температури и УВ-индекс, на повеќе места портокалово ниво за опасност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?