Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Органско производство на морков
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Органско производство на морков
АгровестОрганско производство

Органско производство на морков

Последна измена: 28/10/2019 14:48
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

На морковот не му одговараат сите видови на почва и успешното одгледување може да биде проблем. Ако се изберат добри видови може да се обезбеди принос во текот на целата година. Може да се сее на мало растојание и да се обезбеди добар принос на мала површина. Постојат разни сорти кои се користат како најбрз посев, се сеат преку цела година во заштитен простор и во саксии. Главните посеви за летна и есенска берба имаат подолги корени и може да се чуваат и во зима.

Коренот може да биде во разни форми, мал и топчест, тенок или широк, краток или долг, цилиндричен или остар. Повеќето се со портокалова, црвена или жолта боја и може да се одгледуваат како мини зеленчук. Се сее на земјиште без камења на сончево отворено место а сортите со краток корен добро успеваат и во садови. Раните и доцните посеви можат да се одгледуваат во заштитен простор.

Обработка на почвата

На релативно плодна почва или почва подобрена за претходната сеидба, не е потребно дополнително прихранување. Идеална pH вредност е 6,5-7,5. Морковот е најдобро да се сее директно во почвата бидејќи коренот ако се преместува нема да се развие добро. Минималната температура за никнување е 7 °C.  Одгледување на сорти со округол корен може да започне во ќелии а сортите со краток корен може да се одгледуваат во биоразградливи туби кои потоа цели се пресадуваат заедно со растението.

Ако сеете во заштитен простор,работете го тоа од февруари до август а од февруари до јуни ако пресадувате на отворена парцела. На отворено, раните сорти почнувате да ги сеете во февруари или март штом почвата малку се затопли. Главните посеви можат да се сеат од април до јуни. За чување преку зима посеете го семето на крајот на мај или јуни како на есен, кога веќе може да се извади а коренот не би бил преголем. Сеете во плитки редови на длабочина од 2 см водејќи сметка за оддалеченоста или по 3-4 семки во еден отвор. Раните сорти се одгледуваат на поголемо растојание од 15 см.

Мерки на заштита

Тревата се уништува додека растенијата се млади. Препорака е добро да се наводнува кога е суша а болести и пореметувања се ретка појава. Главен проблем е морковата мува а за да ја избегнете, одгледувајте го посевот под покривачите за редови или танка мрежа. Морковот засеан на почетокот на јуни ќе го избегне нападот на првата генерација муви и ќе биде доволно голем за да се спротивстави на нападот на втората генерација. Морковата мува може да ја привлече и мирисот на искинати лисја од морковот, поради тоа за време на сеењето водете сметка за растојанието за да го избегнете проретчувањето. Ако е веќе потребно проретчување, правете го тоа во вечерните часови а не кога е сонце, бидејќи тогаш морковата мува е најктивна. Кромидот може да го заштити морковот така да одгледувајте 4 реда кромид на секој род морков.

Берба

Коренот се вади додека е млад а главните посеви може да се остават во земјата да презимат и да се вадат по потреба. Во ладните подрачја заштитете го морковот со слама. Оставањето во земјата не се препорачува ако земјата е тешка или ако растението го нападнало моркова мува. Доколку сакате да го чувате тогаш морковот вадете го во октомври или ноември.

Извор : AGRO-EKO Magazin

Може да ви се допадне

До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани 
Рекордно производство на жито, но потрошувачката ја надминува понудата?
Мајска сеидба низ Македонија: Што да садите сега за богат род летово?
Таг:морковорганскопочвапроизводствород
Претходен напис Нова распределба на силите на глобалниот пазар на боровинки
Следен напис Упатство за употреба на картичката за „зелена нафта“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?